НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Балкан Прес: Клерикалното влијание на медиумите

0
By Нова ТВ on January 31, 2018 ВЕСТИ
Artwork by Nancy Ohanian
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Автор: Суад Бегановиќ, Прометеј (prometej.ba)

Во балканските општества, во коишто спаѓа и БиХ, религијата е неразделен дел од општествениот и приватниот живот и го креира, и рекреира, опшественото аксиолошко поле. Според тоа, застапеноста на религијата во медиумите е голема но и идеолошки селектирана.

Така, религијата во медиумите зафаќа доста простор на начин што го определуваат религиските институции. Во помала мерка, за овие институции избиваат афери но во тој случај религијата се исклучува од аферата и структуралниот проблем се сведува на нечесноста на поединецот. Институциите остануваат чесни во своите намери а теретот на осудата го носи само поединецот којшто со тој чин ги предал Господ и заедницата.

Тоа значи дека оваа перцепција го занемарува фактот дека на религиските институции им се олеснува ширењето на влијание, се избегнуваат поедини обврски и се зголемува политичкото влијание во толкава мерка што босанско-херцеговското општество влезе во парадокс: секуларна држава и несекуларно општество со тенденција секуларизмот да се доискине во текот на подолг временски период.

Застапеноста на религијата и религиските институции и службеници се чести во медиумите. Притоа, овие настапи се филтирани, па така религиите се миротворни, секогаш повикуваат на соживот и особено за време на празниците се истакнува дека празниците се време на мир.

Нема разлика во медиумското експонирање на трите монотеистички религии во БиХ. Проблемот се појавува при ретката појава на атеистичкиот глас. Доколку се укаже на било кој како критичар на било каква религиска пракса, многу повеќе простор за одговор добиваат релиските службеници и тие, во такви прилики, држат пригодна лекција дека «луѓето грешат а Господ останува совршен» со што се избегнува инструментализацијата на религијата за политички и идеолошки цели.

Постои и критика што е имуна на таков одговор. Тоа е критиката, што иако ретка, доаѓа од самите верски службеници и притоа таа критика е многу корисна бидејќи наведениот критичар не може да биде дисквалификуван како атеист.

Токму тоа се случи во муслиманскиот дел од општеството иако ситуацијата може да се пренесе и на другите две религиски заедници.

Говорот на имамот

Имамот Изет еф. Чамџиќ

Имено, во Завидовиќи во БиХ, локалниот имам (службеник) одржа говор во џамијата и нетипично ги нападна политичките лидери. Имамот рече вака:

«Почитувани браќа, да треба утрово да им кажете нешто на вашите синови или ќерки што пакуваат куфери за да заминат на работа во Германија, Австрија, Шведска, а во последно време и во Словачка, дали би им рекле да останат овде?».

Ова беше неговиот поглед на оваа многу актуелна тема во БиХ – заминувањето на младите од земјата.

Успехот и медиумскиот пробив имамот го оствари со актуелна тема но пред се од две основни причини. Наспроти мнозинството на неговите колеги, тој ја критикуваше власта. Другата причина е лепезата на медиумска сензација и стилот што го користеше: иронија, сарказам и правилна интонација. Наспроти сериозноста не религиските текстови коишто ја избегнуваат иронијата како лудост, овој верски службеник не се колебаше да заклучи дека «нашаата економија во Босна ги има сите шанси да не го надмине ниту нивото на еден обичен пазар и тоа «бувљак».

Неговиот настап е значаен бидејќи потсети дека постои и друг пристап со кој може да се допре до медиумите. Религијата и нејзините институции можат да бидат критичари. Говорот може да се сврти и кон економски прашања а не само на «спас на душата».

И тоа отвора нови прашања: зошто не се користат деловите на верската наука што поттикнуваат на промената на лошите владетели и зошто медиумите не им дадат простор на алтернативните гласови?

За волја на вистината, постојат такви што се занимаваат и со поинакви теологии, како феминистичката. Но, тогаш непосредната критика кон општествените елити, политички моќници и социјал-економската состојба се поедноставува и маргинализира.

Позицијата што ја имаат верските службеници, видено од аголот на еманципацијата, соодветствува за овој вид работа. Тие се наоѓаат помеѓу обичните луѓе а го имаат авторитетот на религијата. Овде нема да се занимаваме со контрадикциите на еманципацијата, социјализацијата или клерикализацијата. Но, непосредниот акт на имамот во Завидовиќи преупредува на нешто скапано во овдешното општество. Религиските институции имаат вистинска моќ да ги кренат масите и тоа го користеа во 90те години досега но само за поддршка на национализмот и пропаста на општеството. Но не и за критика.

Медиумите не го положија испитот

Со тоа и медиумите паднаа на испитот избегнувајќи да им поставуваат токму вакви прашања на верските службеници. За религијата се зборува церемонијални и апстрактно, како принцип со кој се спасува душата. Со тоа материјалните услови се сведоа на ништожна минливост а општествената одговорност се амнестираше со тоа што секоја грешка е грев пред Господ, додека опшествената одговорност е ставена во втор план.

Ни по говорот на имамот медиумите не си го поставија прашањето зошто тоа не пракса и кај другите религиски службеници. Говорот на имамот стана ХИТ во еден ден! И никој не се потруди да се запраша зошто религиските службеници повеќе сакаат цитати на пророци што повикуваат на покорност а не ги споменуваат цитатите што повикуваат на отпор. Така, вистинскиот дијалог не беше отворен.

Доколку последично е потврдено дека религиските институции работат во корист на националистите, останува неодговорено основното прашање: за кого работат медиумите што не го користат своето влијание за да фрлат светло врз лицемерието и идеолошката пристрасност на религиските структури?

“Проектот е финансиран од Европската унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.