Влатко Стефановски е на турнеја насловена како „Балканска треска“. Вечерва настапува во Лондон, а концертот во Скопје е најавен за крајот на годинава.
Неговата турнеја продолжува на Фламенко Фестивал во Амстердам и во Лондон, каде за вечерва е закажан концерт во Барбикан Центарот со Лондонскиот симфониски оркестар.
Претходно Стефановски имаше успешни оркестарски концерти во Љубљана и Марибор со гудачкиот оркестар на Словенечката Филхармонија.
Потоа следуваше настапот во Монако, со филхармонијата на Монте Карло каде свиреше заедно со своите стари соработници, Мирослав Тадиќ и Теодосиј Спасов.
Со оркестрите диригира Кристјан Јарви, еден од најбараните европски диригенти во моментов. Овој месец, Стефановски настапи и во Лајпциг и Вајмар со Симфонискиот Оркестар на Лајпциг .