Поранешниот претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел ја поддржаа кандидатурата на Камала Харис за претседател во едноминутно видео во кое беше снимен приватен телефонски разговор меѓу парот и сегашата потпретседателка.
Се јавивме да кажеме дека Мишел и јас сме повеќе од горди што ве поддржуваме и ќе направиме сѐ што можеме за да ги поминете овие избори и да влезете во Овалната соба, ѝ рече Обама на Камала Харис.
Се гордеам со тебе, ова ќе биде историско“, рече поранешната прва дама.
Зборувајќи на мобилниот телефон и насмевнувајќи се неколкупати, Харис изрази благодарност за поддршката и за нивното многугодишно пријателство.
Ви благодарам и на двајцата. Тоа ми значи многу, рече Харис.
Кандидатурата на Камала Харис, по повлекувањето на актуелниот претседател Џо Бајден, против републиканскиот ривал Доналд Трамп продолжува да добива сила меѓу поддржувачите, донаторите и политичарите.
Обама, првиот американски претседател со афроамериканско потекло, останува една од најпопуларните личности во Демократската партија, дури и по повеќе од една деценија откако беше последен пат избран.
Обама веднаш не ја поддржа Харис откако Бајден, неговиот поранешен потпретседател, ја именува за негова наследничка.