Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Барселона: Протести против независноста на Каталонија

0
By Нова ТВ on October 29, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Демонстрантите против независност на Каталонија се собраа во каталонскиот главен град Барселона во недела, откако Мадрид презеде низа мерки против одлуката регионот да се оддели од Шпанија.
Илјадници луѓе кои ја поддржуваат унијата со Шпанија протестираат во центарот на градот, откако тензиите се зголемија по гласањето во петокот од страна на каталонскиот Парламент за прогласување на еднострана независност.
Соборениот претседател на Каталонија, Карлес Пучдемонт, ги повика своите поддржувачи да продолжат со “демократска опозиција” на потезите на Мадрид, кои вклучуваат распуштање на Владата во регионот и распишување на предвремени избори за 21 декември.
Сега не е јасно што таа опозиција би значела во пракса. Отпуштениот шеф на каталонските полициски сили ги повика офицерите да ги следат наредбите на новите команданти, но имаше знаци дека некои државни службеници ќе одбијат да ги следат наредбите на Мадрид.

Доделување на политички азил во Белгија на каталонскиот лидер Карлес Пучдемонт , нема да биде “нереално” ако тој го побара тоа, изјави белгискиот министер за миграции, нагласувајќи го ставот на неговата земја како спротивен глас во шпанскиот спор.

Мадридската влада го развласти каталонскиот лидер и го отпушти Парламентот во петокот, неколку часа откако се прогласи за независна нација. Уставниот суд на Шпанија, исто така, започна преглед на гласањето за независност на Каталонија за обвинителите да можат да одлучат дали тоа претставува бунт.

Иако немаше индикации дека Пучдемонт се надева дека ќе дојде во Белгија, земјата е една од ретките членки на Европската унија каде што граѓаните на ЕУ можат да побараат политички азил.

“Не е нереално ако ја разгледате ситуацијата”, рече белгискиот министер за миграција, Тео Франкен, за белгискиот радиодифузер ВТМ. “Тие веќе зборуваат за затворска казна”, рече Франкен, член на фламанската националистичка партија Н-ВА. “Прашањето е во колкава мера ќе добие фер судење”. Шпанија би било тешко да го екстрадира Пучдемон во таков случај, рече тој.

Додека повеќето европски лидери се воздржаа од коментирање на шпанската криза, велејќи дека тоа е внатрешна работа и дека Уставот на земјата треба да преовладува, белгискиот премиер Шарл Мишел повика на дијалог помеѓу Мадрид и Барселона.

Мишел, центрист од Валонија, каде се зборува на француски јазик, владееше во коалицијата со Н-ВА од 2014 година, период во кој партијата ги ублажи повиците за поголема независност за северниот дел на белгискиот дел, каде се зборува холандски јазик.

Односот помеѓу Белгија и Шпанија се влоши во врска со слично прашање во 1990-тите и 2000-тите години, кога земјата одби да екстрадира шпански партнер за наводна вмешаност со баскиската милитантна група ЕТА.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.