Амбасадорот на САД, Џес Бејли, по поминати повеќе од два часа го напушти седиштето на ВМРО ДПМНЕ. Веднаш по него пристигна поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која што е и член на Извршниот комитет на партијата. Нејзиното појавување предизвика голем интерес кај присутните новинари, но таа одби да одговара на пррашања.
Се очекува во партијата да се собере целиот состав на Извршниот комитет и да се разговара за прифаќање на датумот 5 јуни за избори.