Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белгиецот Ванхојте ќе биде медијатор за отворање на патот за преговорите на земјава со ЕУ

0
By Marija Todorovska on May 7, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Белгиецот Питер Ванхојте, на иницијатива на белгиското претседателство со ЕУ ќе спроведе проект на релација Скопје и Софија, односно ќе биде медијатор олеснувач, со кој ќе се отвори патот за уставните измени и ќе се обезбедат гаранции дека на патот на Северна Македонија до членство нема веќе да има кочници.

Ванхојте, во изјава за „Независен“, појаснува дека проектот е под капата на ЕУ, но го финансира белгиската влада која верува во користа од разговори и од правење компромиси. Проектот што ќе го води Ванхојте ќе го менаџира и организира Европскиот институт за безбедносни студии и нема рок до кога ќе трае, односно ќе остане отворен додека не се постигнат целите.

Проектот ќе има две компоненти, од кои првата е медијаторство за односите меѓу Бугарија и Северна Македонија, кое треба да ги тргне отворените прашања и да отвори пат за преговорите на земјава со ЕУ. Втората компонента е изградба на институционален капацитет во земјата, со фокус на обука на млади политичари кои треба да го сменат начинот на кој функционира политиката во државава, односно да ја приближат повеќе до западните европски демократии.

„Мојата главна цел ќе биде да се осигура дека процесот на пристапување на Македонија кон ЕУ нема веќе да се блокира“, најави Ванхојте за „Независен“, со порака дека „е отворен за сите опции, ќе ги сослуша сите барања и ќе се обиде да најде решенија“.

За почеток Ванхојте најавува дека ќе разговара со преставниците на сите релевантни политички партии во земјата за да ги сослуша нивните барања и евентуално предлози  со порака дека е отворен за каков било предлог што ќе помогне да се постигне прогрес околу деблокадата на преговорите со ЕУ и други прашања. По Скопје, тој ќе замине на слични средби и во Софија.

Ванхојте, претходно во земјава беше ангажиран како медијатор за Пржинскиот договор и  продолжи со проект во македонскиот парламент.

Ванхојте ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.