Белорусија соопшти дека ги протерува украинските дипломати и го затвора конзулатот на земјата.
Министерството за надворешни работи на Белорусија не прецизира колку дипломати ќе мора да ја напуштат земјата, но нагласи дека може да останат најмногу пет.
„Целта на таквиот потег е „ставање крај на недипломатските активности на неколку вработени во украинската мисија“, наведе Министерството.
Белорусија ѝ дозволи на Русија да ја користи нејзината територија за распоредување на трупи кои од таму ја нападнаа Украина.
Полска претходно објави дека протерува 45 руски дипломати и нивни соработници.