По патриотскиот „Арго“ кој освои Оскар за најдобар филм, но тој самиот како режисер остана со празни раце, Бен Афлек ќе го видиме во главната улога во новиот филм на Теренс Малик “To the wonder“.
За разлика од „Арго“, овојпат се работи за високо естетизиран арт филм кој зборува за комлицирани љубовни односи. Во главната женска улога игра Олга Куриленко, а како противтежа на ликот на Афлек, се појавува Хавиер Бардем во улога на свештеник странец.
Филмот на Малик, иако беше номиниран за Златен лав на Венецискиот филмски фестивал, минатата година, во Велика Британија почна да се прикажува дури во февруари годинава.