Повеќе противвоздушни ракети „Стрела“ се транспортираат кон Украина, изјави германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок.
„Се реализираат натамошни испораки на „Стрела“, изјави таа пред германските законодавци.
Украина досега доби 500 противвоздушни ракети „Стрела“ од Германија, од вкупно најавените 2.700.
Берлин сега е еден од најголемите снабдувачи со оружје на Киев, изјави Баербок. „Тоа не е нешто што нè прави горди, но тоа е нешто што мораме да го направиме да ѝ помогнеме на Украина“.