Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Берлин: Не може Скопје да ги менува транспортните политики на Брисел

0
By Zoran Ivanov on July 27, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според специјалниот германски пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин, европскиот транспортен Коридор 8 е од стратешко значење за регионот. „За време на моите разговори во Софија разбрав дека Бугарија е збунета, но и загрижена од ова барање на Скопје”, вели Сарацин откако министерот за транспорт Александар Николоски побара парите за Коридорот 8 да се пренаменат за Коридорот 10.

Северна Македонија не ги оправда надежите за уставни измени – основен услов за продолжување на пристапните преговори со Европската Унија. Ова за Бугарското национално радио (БНР) го изјави Мануел Сарацин, специјалниот германски пратеник за Западен Балкан, пренесува бугарски „Труд”.

Дополнително, тој коментиира дека европскиот транспортен коридор 8 е од стратешко значење за регионот, но според него, новата влада во Скопје неделава покажала оти изгубила интерес за негово спроведување.

Инаку, Коридорот 8 треба да ги поврзе италијанското пристаниште Бари и албанското Драч со Скопје, Софија и Црното Море.

Забелешката е дека наместо овој коридор, во Скопје се дало проритет на Коридорот 10, кој ги поврзува Австрија, Словенија, Хрватска, Србија, Северна Македонија и Грција.

Транспортните коридори во Европа се во надлежност на Брисел. Лично верувам дека не е во надлежност на една земја да ги менува европските приоритети во транспортната политика. Ова е долг и комплициран процес со многу различни договори. За време на моите разговори во Софија, разбрав дека Бугарија е збунета, но и загрижена од ова барање на Скопје. Изградбата на Коридорот 8 секако е од стратешко значење, вели Сарацин на оваа тема.

Прашан за декларацијата на германскиот парламент, Бундестагот, во која за Република Северна Македонија се зборува како за дежава определена за членство во ЕУ како ниедна друга во регионот, Сарацин вели:

За жал, нашите надежи за посветеност на Скопје за промена на Уставот на Република Северна Македонија не беа оправдани. Оваа промена е главниот услов на Советот на ЕУ од Преговарачката рамка за Скопје.

Тој вели дека декларацијата на Бундестагот имала за цел да биде мост преку кој ќе премине политичкото раководство на Република Северна Македонија, истовремено покажувајќи му на народот дека нема причина за загриженост за идентитетот, јазикот и културата и дека Германија е на нивна страна.

Но, во исто време, тоа беше сигнал за Бугарија дека сме обединети во нашето верување дека бугарското население во Северна Македонија ќе биде вклучено во Уставот“, вели германскиот пратеник за Западен Балкан.

Тој смета дека се работи за убав и стабилен мост, но македонската страна, како што вели, сѐ уште не може да помине по него. Според Сарацин, Бугарија има многу можности преку својата посветеност на европската интеграција на Западен Балкан да заработи уште поголема почит од другите земји членки на ЕУ.

Ставот на Сарацин доаѓа откако министерот за транспорт Александар Николоски ја обвини Бугарија дека нема проект за Коридорот 8.

Како што рече тој деновиве, постои долгогодишна желба да се изгради пруга меѓу Скопје и Софија, но прашањето е како, кога Бугарија не е сериозна за проектот. Поради тоа тој побара парите да бидат пренаменети за Коридорот 10.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025
ФОКУС

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

ВЕСТИ November 14, 2025

Во знак на сеќавање на 63-те жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани,…

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025

Комисијата утврди и соопшти: На десет пациенти им е извршена непотребна операција на срце

November 14, 2025

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

November 13, 2025
ТИКЕР

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.