НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Берлински ѕид“ и натаму во главите на Германците

0
By Нова ТВ on October 3, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


23 години по повторното обединување на Германија, обновата на инфраструктурата е речиси завршена. Но, предрасудите останаа кај многу луѓе од истокот и западот. Тие и натаму не се гледаат себе си како еден народ, се вели во анализата на Дојче Веле на македонски јазик.

Од 1961 до 1989 година луѓето во Источна Германија беа буквално заѕидани – затворени во просторот на поранешната советска окупациска зона, која беше направена по Втората светска војна. Бегството речиси и да не беше можно. Во т.н. Демократска Германска Република (ДДР) социјализмот требаше да живее. Но, на крајот на 80-тите години овој политички експеримент пропадна.

Кога во 1989 година се отворија границите меѓу двата дела на Германија, голем дел од народот од Источна Германија почна да се сели во Западна Германија. Слободата веќе се чувствуваше. Можеше да се патува и конечно да се пазарува, нешто што не беше можно во ДДР. Така исчезнаа облеките според кои можеше веднаш да се препознае дека се работи за Германец од источниот дел на земјата – светлосиви чевли, јакни од скај и тренерки од вискоза. Исто така се променија и фризурите – од фенирана трајна ондулација до модерно потстрижување на косата. Така наскоро луѓето од Западна Германија визуелно не можеа да се разликуваат од оние кои живееја во Западна Германија. Но, длабоко во себе меѓу нив и натаму имаше разлики, а останаа и предрасудите.

„Тие се арогантни, постојано мислат на пари, бирократизирани се и површни“, вака сумира Томас Петерсен од Институтот за истражување на јавното мислење „Аленсбах“ што и денес многу Германци од Источна Германија мислат за оние од Западна Германија.

Репрезентативна анкета на Институтот, направена во 2012 година, исто така покажа дека тие имаат многу поголеми предрасуди за Германците од Западна Германија, отколку што тие имаат за оние од Источна Германија. Институтот „Форса“, пак, откри дека Германците од Источна и Западна Германија и натаму не се гледаат меѓусебе како еден народ.

Луѓето од Источна Германија сметаат дека се „граѓани од втора класа“, оценува Андреас Цик. Социологот на Универзитетот Билефелд заклчучува во своите истражувања дека многумина сметаат оти условите за живот во Источна Германија се дискриминирачки. Иако одблизу многу улици и куќи во поранешната ДДР се модернизирани и инфраструктурата е нова, сепак платите сега се под 20 проценти од нивотот во Западна Германија. Пензиите, пак, се за 10 проценти помали во однос на западот од земјата.

Според мислењето на економистите, причината за тоа лежи меѓу другото и во видот на фирмите кои постојат во Источна Германија. Најчесто тоа се снабдувачи на фирми во западниот дел од земјата. Таму ретко има централи на фирми со високоплатени работни места. Субвенции во висина од стотици милијарди евра не успеаја да го променат овој развој. „Постојат големи разочарувања“, заклучува социологот Андреас Цик.

Стереотипи постојат и натаму и меѓу Германците од Западна Германија, но тие се поретки отколку меѓу поранешните жители на ДДР. Анкети на водечки институти за истражување на јавното мислење покажаа дека Германците од Западна Германија сметаат дека оние од истокот се незадоволни, претпазливи и исплашени. Само 43 проценти од Германците од западот ги опишуваат како „посветени“ и „флексибилни“ нивните сограѓани од истокот на земјата.

Солидарниот придонес (попознат и како Соли), кој е специјален данок за финансирање на германското единство и за повторна обнова на Источна Германија, најголем дел од Германците од западот сакаат колку што е можно поскоро да биде укинат. Тие се чувствуваат како вечни плаќачи за браќата и сестрите од Источна Германија, но притоа забораваат дека таквиот данок го плаќаат и оние кои живеат во Источна Германија. Тоа покажува дека единството во главите на народот и натаму не е целосно присутно.

„Меѓу Осис и Весис (имиња со кои се нарекуваат Источногерманците и Западногерманците меѓусебе, н.з.) едноставно има многу малку пријателство, многу малку контакти и врски, за разлика од она што се посакува“, објаснува социологот Андреас Цик.

Истражувачот на јавно мислење Томас Петерсен смета дека ова не може да се толкува како заедничка незаинтересираност. „Западна Германија едноставно е четирипати поголема од Источна Германија“, додава тој. Притоа дистанцата игра голема улога, бидејќи поради неа луѓето неможат почесто подобро да се запознаат.

„Втората и третата генерација по обединувањето е многу пооптимистична. Бројот на оние кои гледаат повеќе различности отколку сличности меѓу Источна и Западна Германија во минатите години постојано се намалува“, забележува истражувачот Томас Петерсен.

Во меѓувреме има млади луѓе, кои воопшто го немаат запознаено Берлинскиот ѕид и поделбата на Германија. Затоа денес анкетите изгледаат многу поразлично од пред 15 години – агресивниот тон во анкетите денес речиси и да не може да се замисли. Дали и кога разликите во главите на луѓето ќе исчезнат сосема – анкетарите тоа не можат да го предвидат.

Извор: Дојче Веле

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.