„Бернајс пропаганда“, скопскиот постпанк-бенд, вечерва во Младинскиот културен центар, концертно ќе го промовира својот трет албум насловен „Забранета планета“.
Утревечер, пак, албумот ќе биде промовиран и во Битола. Гости на концертот ќе бидат „Калчр девелопмент“, „Сиз“ и Молокаи, а со вечерашниот настап на „Бернајс пропаганда“ ја почнуваат нивната голема европска турнеја, која ќе трае до 19 мај, а ќе опфати концерти во Италија, Шпанија, Португалија, Франција, Белгија, Холандија, Германија, Данска, Норвешка, Шведска, Финска, Полска, Чешка, Австрија, државите од ексју итн.
Турнејата и концертот се во организација на бендот и нивната издавачка куќа „Направи заедно“.