Министерот за финансии Фатмир Бесими правејќи резиме за 2020 година и остварувањето на буџетот на денешната прес-конференција истакна дека позитивниот импакт од преземените мерки дава надеж и истовремено охрабрува да се продолжи со понатамошната развојна политика на Владата.
-Мината година беше тешка за здравствениот, економскиот и социјалниот аспект и зачувувањето на работните места беше приоритет. Беа обезбедени средства за помош на илјаднци граѓани, преку 20 илјади претпријатија со финансирање на платата, имаше бескаматни кредити, некои беа со грантови. Позитивниот инпакт не охрабрува да делуваме и понатаму. Бруто инвестициите бележат раст поради кредибилноста на влдата, изјави Бесими.