Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесими: Петтиот пакет мерки насочен кон закрепнување на економијата, инвестиции и развој

0
By Нова ТВ on February 21, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Петтиот пакет-мерки има развојна компонента, односно е насочен кон закрепнување на економијата, инвестиции и развој. Тоа е важно да се испрати како порака, тоа сме го дискутирале со коморите, и мислам дека тоа ќе биде една здрава основа не само за да излеземе од кризата туку и за да се обезбеди побрз раст во следниот период, нормално следено и со други структурни реформи коишто не се дел од мерките, но се дел од економската програма на Владата. Но за да успеат мерките треба да има соодветна реакција и од приватниот сектор, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју за Македонската Радио Телевизија, МРТВ.

Министерот информира дека Буџетот е во добра кондиција и оти реализацијата на приходите и расходите е согласно проекциите, но оти треба да заврши месецот за да може да се направи споредба со минатата година.

Добрите економски политики кои се преземаат во услови на ковид криза се потврдени и со извештаите на кредитните рејтинг агенции.

-Стандард и Пурс во последниот извештај го потврди кредитниот рејтинг на нашата држава којшто останува на исто ниво на кредитен рејтинг, со стабилен изглед за во иднина и ова можам да го констатирам како успех во година на криза. Ова е уште еден добар сигнал за стабилните политики во период на криза, што е многу важно од аспект на нашето присуство на меѓународниот финансиски пазар за финансирање на потребите на нашата економија, нагласи министерот.

На прашањето во однос на реализацијата на мерката за финансиска поддршка за исплата на плати од аспект на механизмите на контрола за оние фирми коишто вршат злоупотреби и не ги исплаќаат платите Бесими е дециден дека е повеќе од јасно дека тие што не ги исплатиле платите нема да имаат право да аплицираат воопшто, но и дека ќе одговараат пред институциите доколку сториле друг прекршок.

Министерот вели дека внимателно се следи реализацијата на мерките. Тие имаат позитивно влијание на економската активност, што е видливо и во податоците за растот во третиот квартал 2020 година споредбено со претходниот, но и во податоците за бруто инвестициите коишто во третото тримесечје забележаа огромен скок и коишто ако во вториот квартал бележеа пад од околу 35 проценти, во третиот квартал државните и приватните инвестиции бележат 4,2 проценти раст во споредба со 2019 година кога немаше ковид криза.

-Влијанието на преземените мерки и политики врз ублажување на ефектите од ковид кризата врз нашата економија се веќе евидентирани. Политиките коишто ги преземаме беа потврдени и од меѓународните финансиски институции ММФ, Светската банка и од кредитните рејтинг агенции како добро поставени политики коишто го ублажија ефектот на кризата, истакна Бесими.

Очекувањата на светско ниво е стабилизација на економијата. Министерот потенцира дека остануваат проекциите согласно коишто за годинава се предвидува раст на економијата од 4,1 процент, но истовремено упатува порака дека растот нема да се  постигне лесно.

-Постигнувањето на растот ќе биде проследен со многу предизвици и од аспект на економската политика и од аспект на приватниот сектор и на пазарот на труд. Оваа година е специфична со многу претпазливости од сите страни за да успееме во ова што го правиме. Затоа одиме со петиот пакет-мерки со развојна компонента, но за да успеат мерките треба да има соодветна реакција и од приватниот сектор, вели министерот за финансии.

Воедно нагласува дека главен приоритет е здравјето и оти здравствениот сектор ќе биде главен детерминант за движењата на економијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025
ФОКУС

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

ВЕСТИ September 30, 2025

Стејт департментот порача дека САД се подготвени да соработуваат со косовската влада, но дека очекуваат…

„Ако не го прифатите, ќе биде тоа тажен крај“ – Трамп му даде 4 дена на Хамас за планот за Газа

September 30, 2025

Министерот за одбрана на САД до американските генерали и адмирали: Подгответе се за војна

September 30, 2025

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

September 30, 2025
ТИКЕР

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.