Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесмислици и кич

0
By Sashko on September 14, 2022 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЏАБИР ДЕРАЛА

Среде крвава војна во Европа, рекомпонирање на мапата на светски сили и влијанија, милиони раселени луѓе и бегалци, глобални кризи и климатски промени, глад и милитаризација на светот, мора да се носат брзи и храбри одлуки. И секоја одлука, колку и да е навремена, не може да биде најдобрата, бидејќи состојбите се менуваат со секавична брзина. А доцнењето може да биде погубно. Избрзаноста, уште повеќе.

Ова е доба кога секоја, дури и навидум наивната, политичка изјава или постапка, може да има далекусежни позитивни ефекти или тешки последици – зависно од мотивот и целта или од приемот на „објективната“ јавност.

Кога демократскиот систем е блокиран и не успева да најде брз и ефикасен одговор на кризни и други важни прашања, радикалната десница ги нуди своите квази решенија. Тие решенија се навидум ефикасни затоа што произлегуваат од авторитарната матрица на ликови во политиката кои не се засегнати со демократијата, слободата, еднаквоста, владеењето на правото и транспарентноста. За нив систем значи слепо следење на волјата на еден лидер. Неговата моќ се темели на пропаганда и репресивен апарат. И толку.

Најевтината алатка: Радикализација

Најевтина и најефикасна алатка за подривање на демократското ткиво на едно општество е радикализацијата, најчесто во облик на национализам, односно национал шовинизам. Како шумски пожар, национализмот лесно и брзо се распространува и уште полесно ја замаглува реалноста, го дели општеството и потоа воспоставува репресија и контрола чии основни карактеристики се стравот и насилството. И тешко се гаси, бидејќи „се храни“ со лесно запаливи материи како што се бесмислиците и кичот.

Меѓу главните креатори и дистрибутери на националистичката омраза се национал шовинистите меѓу интелектуалците, уметниците, медиумите и граѓанските организации кои „во слободно време“ седат по разни партиски тела или се советници на партиските лидери. Или советници на советниците на партиските лидери, па седат на „случајни средби“ по кафулињата низ главниот град.

Сите заедно се „инспирирани и одушевени“ од тоа колку „народот е мудар“ кој „избрал“ да ги поддржи „решенијата“ на политичките радикали. Одненадеж, тие се „вознесени“ од гласот на „народот“ на кој му „прекипело“ и кој повеќе „не сака да им се повинува на желбите на „грабливите и ненаситни малцинства“ кои го уриваат „моралот, традициите, идентитетот, чистотата на нацијата“…

Пропагандни манипулации 

Националистите во образованието, културата, медиумите и граѓанските организации се само „понизни слуги на народната волја“. Тие, речиси секогаш, се порадикални и од најрадикалните политички партии. Или барем така изгледа. Трикот е во тоа што таквите ликови, всушност, гласно го кажуваат тоа што радикалите во политичките партии го мислат и го планираат.

Во суштина, се работи за пропагандни манипулации со кои на луѓето им се всадуваат бесмислици и кич, пред се, наменети да предизвикаат страв и други примарни емоции кај луѓето.

Гласање со страв… против стравот.

Ова можеби изгледа како да е виновен демократскиот систем. Можеби, ако се гледа на демократскиот систем еднострано и низ авторитарна призма. Сепак, општеството е далеку покомплексен и подинамичен организам. Не смее да се заборави дека радикалните националистички структури во политичките партии, институциите, академијата, медиумите и граѓанското општество се дел од тој демократски систем.

Тие имаат право да бидат на гласачкото ливче, да бидат дел од највисоките демократски институции (парламент) и да учествуваат во креирањето на политиките во земјата. Ако општеството е поларизирано и во состојба на страв од реални и креирани закани, многу лесно може да се претпостави дека ќе им даде предност на антидемократските структури во еден демократски процес како што се изборите.

Но без оглед на тоа колку демократскиот систем обезбедува слободни избори, ако пропагандата на антидемократските сили е силна и доминантна, гласачите гласаат со страв… против стравот. Од страв. Или не гласаат.

Каде се „прогресивците“?

Што се случува со прогресивните интелектуалци кои, независно од политиката и политичките елити, формираат свои ставови засновани на факти и научни сознанија? Ги има, да. Но тие се безмалку, безгласни. Како доаѓа до тоа? Има најмалку три причини.

  1. Затоа што тие не можат, дури и кога сакаат, да ги надгласаат (натпеат) грлатите националисти. Против интелектуалците од прогресивниот табор е исправена пропагандна машинерија која не е засегната со веродостојност, етика, естетика, професионализам… туку само со децибели. Бесмислици и кич. Нема разговор и натпревар на идеи во такви услови.
  2. Насилниците, било да се онлајн или на улица, се секогаш тука да ги „заштитат светите вредности на нацијата“ од „предавниците и платениците“ како што, меѓу другото, ги нарекуваат своите неистомисленици. Тие се неуморни. Ако не им успее првиот, десетиот или стотиот пат, тие се во состојба илјада пати да се закануваат или дискредитираат исти луѓе, на истиот начин. Тоа го прават до моментот кога другата страна не реши да стивне, да се затвори во себе, молкне… И да дозволи целосно да завладеат бесмислиците и кичот.
  3. Или се опортунисти, без посебно чувство за пошироката општествена одговорност што ја носат со самото тоа што се интелектуалци, уметници, новинари или актери во граѓанското општество. Важно им е да го наплатат својот труд што поскапо, макар и како советници на советниците на националистичките лидери. Се разбира, истовремено да „лапнат“ и по некој „мрсен“ европски или американски грант за владеење на правото, мултикултурализмот или за поддршка на ЕУ интеграциите, па да си го проживеат животот што поудобно. Сакајќи го, помалку или повеќе прикрикриено – Путин.

Но секогаш останува барем една мала група максимално посветени луѓе кои се решени да го менуваат општеството кон подобро, да му се спротистават на гигантското чудовиште од бесмислици и кич. А тоа е сосема доволно. Секогаш било така.

Преземено од civilmedia.mk

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.