НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Без коментар од Владата, оптимизам од ДУИ, барање за отфрлање од ВМРО-ДПМНЕ и резервираност од ДС по францускиот предлог за решавање на македонско-бугарскиот спор

0
By Sashko on June 20, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата останува на ставот за официјален коментар на францускиот предлог за надминување на македонско-бугарскиот спор по неговото усогласување од сите земји членки на ЕУ, но порачува дека македонскиот јазик мора да биде да биде чист македонски јазик во преговарачката рамка. Во Софија, пак, се очекува информација кога за предлогот ќе се изјасни Народното собрание, а чија волја најави дека ќе ја почитува тамошниот премиер Кирил Петков. Во меѓувреме, во домашната јавност, оптимизам и очекување за решавање на спорот до крајот на месецов пристигна од Демократската унија за интеграција (ДУИ), а по опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која побара отфрлање на предлогот, резерва за предлогот вчера изнесе и Демократскиот сојуз, исто така, од владејачката коалиција.

Премиерот Димитар Ковачевски, исто како и министерот за надворешни работи Бујар Османи, вчера порача дека нема да го коментира францускиот предлог и истакна дека тој нема да биде предмет на дискусија, затоа што сè уште не е усогласен од страна на сите 26 земји членки на ЕУ. Министерството за надворешни работи (МНР) има увид во предлогот и најискусните дипломати, како што информира премиерот, прават анализи, а се следи и развојот на настаните во Собранието на Република Бугарија.

„Доколку таму овој предлог биде усвоен, и кога ќе биде усвоен и кога ќе биде доставен официјално до Република Северна Македонија, тогаш нормално дека тој ќе биде предмет на анализа во детали и споделен со институциите во државата согласно со нашите одредби во законското уредување“, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање, по средбата со коалициските партнери.

Прашан дали за државава, независно дали тоа е во делот на францускиот предлог или не, е прифатливо јазикот да се дефинира по пат на еднострани декларации од двете страни, Ковачевски со одговор дека македонскиот јазик мора да биде да биде чист македонски јазик во преговарачката рамка. 

Од Министерството за надворешни работи на Бугарија, пак, вчера во соопштение за францускиот предлог побараа парламентарната Комисија за надвореша политика веднаш да свика состанок на кој ќе се разговара за сите достапни документи за Северна Македонија за да се формулира заедничка бугарска позиција, со цел да се утврдат следните дејствија на бугарската дипломатија.

„Во документот се прецизира дека доколку тоа не се случи што е можно поскоро, бугарското Министерство за надворешни работи ќе има мандат само да се придржува до Рамковниот став, Декларацијата на Парламентот од 2019 година и до заклучоците на Советодавниот совет за национална безбедност од 2022 година. Во документот се забележува дека нивната содржина не соодветствува целосно со „францускиот предлог“, јави дописникот на МИА од Софија.

Од бугарското МНР, укажуваат и дека во оваа фаза повеќе не постои објективна можност да се исполнат краткорочните критериуми утврдени во Рамковната позиција до крајот на француското претседателство со Советот на ЕУ, кое истекува на 30 јуни.

Претходно, бугарскиот премиер Кирил Петков најави нема да донесе никаква одлука, без таа да биде поддржана од Народното собрание, додека претседателот Румен Радев оцени дека францускиот предлог е чекор во правилна насока, но, според него, остануваат голем број прашања кои треба да се разјаснат пред да се укине ветото.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пак, вчера изјави дека тој не е во кампусот на песимистите и истакнувајќи до крајот на месецот ќе се најде решение за спорот со Бугарија и ќе има епилог во прилог на мирот, стабилноста и иднината.

„Сега овој процес го олеснува претседателот Макрон. Јас верувам многу во иднината и затоа и верувам во решение на крај на јуни, затоа што има значајна ангажираност на нашите пријатели и сојузници и затоа верувам во нивната определба и олеснувањето кое што претседателот Макрон го презема врз себе за Балканот да биде посигурен, побезбеден, помирен, бидејќи доволно е да оставиме вакум или отворени и нерешливи теми или пак да ги одолговлекуваме проблемите за да имаме секакви искри тука“, рече Ахмети, одговарајќи на новинарско прашање по објавата на резултатите од изборите во партиските ограноци.

Според Демократскиот сојуз, францускиот предлог во суштина ги апсорбира националистичките и негаторските барања на Бугарија и билатералниот спор, преку преговарачката рамка, го претвора во спор помеѓу Северна Македонија и Европската Унија.

„Според документите кои досега ги објавија медиумите, Предлог-преговарачката рамка за почеток на евроинтеграцискиот процес и предлог-заклучоците на Советот на Европската Унија, јасно е дека барањата на Бугарија стануваат дел од преговарачката рамка на ЕУ и од нивното исполнување ќе зависи нашиот напредок кон Европа. Тоа значи дека нашите евроинтеграции стануваат заложник на антимакедонските интереси во Софија, овојпат со европски печат“, соопштија од ДС.

Очигледно е, посочија од партијата, дека предлогот е резултат на претходно усогласување на претставници на владите на Македонија и Бугарија, но фактот што постојат или се најавени повеќе документи кои се однесуваат на спорот, протоколи што треба да ги потпишат двете земји, како и Акциски план, кои треба во детали да опишат што се треба да направи Македонија, во суштина значи прифаќање нов договор, покрај постоечкиот Договор за добрососедство и пријателство, чие исполнување сега ќе го мониторира Европската Унија.

„Со новиот договор на перфиден начин се оспорува македонскиот идентитет, историјата и јазикот и истовремено не се нудат гаранции дека Бугарија ќе престане да излегува со нови барања, уцени и блокади, наведоа од ДС од каде најавија дека конечниот став ќе го изградат по добивањето на интегралниот текст на предлогот и негова подлабинска анализа“, смета ДС.

Од најголемата опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ завчера побараа од Владата да го отфрли францускиот предлог, оценувајќи го како капитулација и бугаризација на земјата на рати. Лидерот Христијан Мицкоски завчера на партискиот протест порача дека нема да дозволи да се смени Уставот за да бидат дел од него бугарските барања.

Австрискиот социолог и претседател на влијателната тинк-тенк организација Европска иницијатива за стабилност, Гералд Кнаус, пак, не е оптимист дека Северна Македонија, и покрај напорите на Париз и Берлин да помогнат за тргање на ветото, може да ги почне преговорите со ЕУ на крајот од француското претседателство поради внатрешната ситуација во Бугарија, но и затоа што нема промена во дебатата кај домашната јавност во Бугарија.

„Бугарија мора да сфати дека прашањето на бугарското малцинство не е проблем. Вистинскиот проблем е дека вие немате гаранции дури и да постигнете договор за ова, поголемиот проблем е дека Бугарија, односно некои во Бугарија го проблематизираат македонскиот идентитет. Ќе дојде моментот кога Бугарија ќе сфати дека не може да победи. Проблемот е што за ова треба време, а времето е единственото што Македонија го нема“, вели Кнаус во интервју за МИА прашан за стартот на нашите преговори со ЕУ до крајот на француското претседателство.

Кнаус смета дека ќе биде лош и опасен преседан за ЕУ ако бугарските барања поврзани со идентитетските одредници влезат во преговарачката рамка за земјава. Северна Македонија дури и да сака да направи некакви отстапки, Кнаус сугерира тоа да го направи билатерално, и да не се дозволи да се стават во преговарачката рамка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.