НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Би-Би-Си“: Вашингтон ја премолче посетата на Блинкен и Остин на Киев се додека не се вратија во Полска

0
By Sashko on April 25, 2022 СВЕТ
Фото: cnsnews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министерот за одбрана Остин Лојд вчера престојуваа во Киев, каде имаа средби со украинскиот претседател Володомир Зеленски.

„Посетата претходно беше најавена од Зеленски, но не и од Белата куќа. Се чини дека Американците сакале да го задржат во тајност доаѓањето на нивните двајца високи функционери се додека не заврши посетата“, коментира „Би-Би-Си“.

Ниту еден новинар не беше поканет, а патувањето не беше ниту официјално потврдено од Вашингтон се додека двајцата не се вратија безбедно во соседна Полска. За нивна несреќа, украинскиот претседател имаше други идеи – ја најави посетата пред преполната сала со новинари 24 часа однапред.

„Но, се чини дека ова не им нанесе голема штета на односите меѓу двете земји, бидејќи американската делегација вети уште една серија директна и индиректна воена помош за Киев“, оценува „Би-Би-Си“.

Патувањето беше искористено и како можност да се објави дека оваа недела повторно ќе почне со работа амбасадата на САД во главниот град на Украина.

Ова беше најважната посета на американски дипломати на Украина од почетокот на руската инвазија.

Покрај претседателот Зеленски, Блинкен и Остин се сретнаа и со министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба, министерот за одбрана Алексеј Резников и министерот за внатрешни работи Денис Монастирски, јави „Си-Ен-Ен“, цитирајќи висок претставник на Стејт департментот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.