Управниот одбор во текот на денешниот ден ја рзреши директорката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување Билјана Јовановска.
Нова ТВ ја контактираше Јовановска која ја потврди оваа одлука и информација. Вели дека не е изненадена, со оглед на тоа што Фондот за пензиско и инвалидско осигурување беше договорено да се даде на новиот коалициски партнер во Владата Алтернатива.
Неофицијално, Јовановска ќе ја наследи Дритан Беџети од Алтернатива, но дури откако Владата ќе ја потврди одлуката.
Инаку Беџети беше предложен на седница на централното претседателство на партијата заедно со останатите имиња за заменик-министри и директори.
И.Р.