Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бислимоски: Не можеме да си дозволиме луксуз и да се откажеме од рускиот гас

0
By Sashko on March 9, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Земјава во моментов обезбедува 100 проценти од потребите за природен гас од Русија и целосно е зависна како и Молдавија и Босна и Херцеговина и затоа не можеме да си дозволиме луксуз да се откажеме од рускиот гас, порача вечерва претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски во „Топ тема“ на ТВ Телма.

Мој личен став е дека немаме таков луксуз да се откажеме од природниот гас. Имаме грејна сезона која е во тек и доколку би се откажеле, би требало да се грееме со мазут. Покрај тоа, сите компании кои го прават најголемиот извоз во државата користат природен гас. Таа ситуација би претставувала сериозен проблем за работењето на овие компании. Затоа сметам дека во овој момент не можеме да се откажеме од природниот гас, бидејќи реално не веруваме дека има алтернатива и не може во овој момент да има алтернатива, рече Бислимоски.

Откажувањето од рускиот природен гас, како што кажа, ќе предизвика сериозен удар врз македонската економија.

Очекувам дека и Европската Унија ќе треба да помогне во овој регион. Ако имаме проблеми со природниот гас ќе треба да се најде начин да ни помогнат. Верувам дека ќе преовлада разумот и дека ќе продолжи испораката на природниот гас. Во овој момент снабдувањето со природен гас е стабилно и непречено доаѓа. Работи Те-То, БЕГ работи и сите други компании. Го користат по драстично повисоки цени, но најскапа енергија е онаа што ја немате, посочи Бислимоски.

Нагласи дека не се осудува да прогнозира колкава ќе биде цената на гасот во иднина.

Берзите, особено на енергенсите, во изминатите неколку месеци се осетливи на секоја изјава и на дневно ниво се менуваат дали нагоре или надоле и многу е тешко да се предвиди што ќе се случи. Во вторникот цената на гасот отиде до 3.000 долари, денеска падна  за 50 до 60 проценти, појасни Бислимоски.

Земјава, како што истакна, 80 до 90 проценти од нафтените деривати ги набавува преку Грција.

„Затоа верувам дека снабдувањето ќе биде стабилно иако и Грција има некој дел руска нафта. Доколку Грција има проблеми и ние би имале проблеми, но сега за сега е стабилно“, потенцира Бислимоски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

ВЕСТИ September 28, 2025

Украина соопшти дека најмалку четири лица се убиени, а 13 други се ранети во главниот…

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.