Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи на средба со Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство

0
By Ivana on December 23, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Јован Деспотовски, денес остварија редовна квартална работна средба, со Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство, која е дел од Советот на странски инвеститори во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија.

На состанокот од страна на потпретседателите на комората Виктор Мизо, кој е и претседател на Асоцијацијата и Јелисавета Георгиева Јовевска беа презентирани прашања и теми кои ги интересираат членките на асоцијацијата, а кои се поврзани со нивното тековно работење, за мерките за поддршка за понатамошен развој, како и за активностите кои ги преземаат Владата и другите органи на државна управа за унапредување на бизнис климата во земјата.

Вицепремиерот Битиќи упати благодарност до претставниците на асоцијацијата и воопшто на бизнис заедницата, за активното учество во процесите кои ги спроведува Владата, кои се во насока на унапредување на условите за водење на бизнис во земјата, и притоа посочи дека Владата на Република Северна Македонија и понатаму ќе биде отворена за соработка со сите чинители во економскиот и општествениот живот за креирање на најдобри можни решенија кои ќе донесат одржлив и побрз економски развој на земјата.

Заменикот претседател на Владата ги информираше присутните за неколку позначајни активности, кои беа донесени неодамна, а претходно се спроведе широка дискусија за да се изнајдат најсоодветни решенија.

Битиќи потенцираше дека во декември, за првпат по 10 години, а по повеќе од 8-месечна дискусија, Владата усвои измени на Законот за царинска тарифа, со кои ќе се овозможи усогласување на царинскиот тарифник со европските норми за 258 царински шифри, со што се овозможува поголема конкурентност на компаниите кои работат во земјата и предвидливост за реализација на процесите.

Вицепремиерот информираше и дека на последната Владина седница се усвоија измените во Законот за вршење на сметководствени работи, на кој се работи речиси 5 години, а со кои ќе се изврши усогласување на нашиот закон со меѓународните стандарди, со што дополнително ќе се олеснат сметководствените процедури и ќе се олеснат активностите на компаниите.

Директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Јован Деспотовски, посочи дека најголем број од компаниите кои имаат технолошки напредно производство работат токму во зоните, а во насока на обезбедување на подобри услови за нивно функционирање, најави дека во наредниот период за реализација на инфраструктурни проекти во повеќе ТИР зони во земјата се планирани околу 15 милиони евра, а со овие проекти ќе им се излезе во пресрет на барањата на компаниите.

На средбата, на која присуствуваа претставници на 25 компании со технолошко напредно производство се дискутираше и за измените на Законот за работни односи кои се однесуваат за „Недела неработен ден”, пришто беше јасно соопштено дека наскоро ќе биде донесено подзаконското решение со кое точно се дефинираат исклучоците на компании кои може да функционираат во недела и под кои услови и кај кои нема да може да се сопре техничко-технолошкиот процес, а се разговараше и за други предизвици со кои се соочуваат компаниите при секојдневното работење.

Присутните претставници на Стопанската комора и на компаниите изразија исклучително задоволство од соработката со Владата и државните институции и изразија очекување оваа соработка да продолжи да се развива, во интерес на државата, стопанството и сите граѓани на Република Северна Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

ВЕСТИ November 7, 2025

Шестмина мигранти се убиени, а четири лица се повредени за време на полициска потера во…

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.