Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Новата развојна економија на Северна Македонија ќе биде целосно подготвена и конкурентна за влез во ЕУ

0
By НОВА ТВ on October 1, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во моментов работиме на усогласување на нашиот царински тарифник со ЕУ регулативите, нашата поддршка за странските инвестиции е исто така во согласност со европските правила, што значи само едно, предвидлива бизнис клима. Северна Македонија ја креира својата нова развојна економија која целосно подготвена ќе го дочека влезот во ЕУ, истакна заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на форумот „Стратешки економски разговори“ во Хрватска.

Битиќи, на интерактивната сесија „Економските стратегии на Република Северна Македонија во постпандемскиот период и напредокот на преговарачкиот процес за членството во ЕУ“, дополни дека постојано се работи на унапредување на бизнис климата и креирање на мерки со кои дополнително ќе се стимулира раст и развој на економијата.

– Кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот секако дека имаше ефект врз нашата економија, како што имаше и на другите економии во светот, но Владата презеде чекори кои ефикасно го ублажија ударот и веќе сега ги гледаме позитивните резултати од правовремените економски мерки. Со реализација на шест пакети економска помош, вбризгавме во стопанството 1,2 милијарди евра со што ја задржавме ликвидноста на компаниите и помогнавме да се спасат 80.000 работни места за нашите граѓани. За жал, околу 20.000 наши граѓани ги изгубија своите работни места, но имаме план истите да се вратат назад на пазарот на труд во многу кус временски период, рече Битиќи.

Вицепремиерот посочи дека економските пакети за помош имаат позитивен ефект и врз движењето на БДП, па така, како што образложи. минатата година ја завршивме со пад на БДП од 4,5 проценти, кој можеше да биде многу подрастчен и да изнесува над 8,7 отсто, доколку не ги спроведовме антикризните економски пакети на мерки.

Тој додаде дека паралелно со реализација на мерките за поддршка на граѓаните и стопанството, во услови на криза, Владата создаваше мерки кои што ќе стимулираат засилен развој на компаниите, со цел што поконкурентни да влезат во пост-пандемскиот период.

– Пандемијата забрза процеси кои веќе одамна се нужни да се случат во нашата економија. Еден од тие процеси е дигитализацијата, која зема голем замав. Покрај дигитализација, она што мислам дека на сите ни е јасно е дека мораме да работиме кон враќање на производството дома и креирање на додадена вредност во нашето производство. Креирање на регионален пазар кој е конкурентен е нешто што треба да се случи уште утре, кога е веќе јасно дека набавката која се извршуваше, на пример од Кина, стана неодржлив концепт, и сите мораме да работиме кон креирање на решение за овој проблем. Колку побрзо го фатиме чекорот, толку побрзо сите ќе одиме напред. Регионалната конкурентност на земјите од Западен Балкан е за доброто на сите, на сите граѓани, а секако и за бизнисот, подвлече вицепремиерот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.