Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Блидарус: Северна Македонија има најголем и најбрз потенцијал за регионален раст во ИТ секторот

0
By Ivana on January 12, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија има најголем и најбрз потенцијал за раст во регионот. Со двоцифрен годишен раст на ИТ секторот (15 проценти) и голем број таленти во компјутерските науки, Скопје е најразумниот избор за отворање на наш Центар, вели Адриан Блидарус, сопственик на технолошката компанија специјализирана за дизајнирање и испорака на комплексни решенија и интегрирани платформи водени од податоци и вештачка интелигенција Софтелигенце.

Оваа компанија, пред неколку месеци, основаше фирма во Северна Македонија и најави дека ќе инвестира милион евра и ќе отвори сто работни места за ИТ професионалци преку изградба на Центар за испорака во Скопје.

Блидарус во интервју за порталот „Економија и бизнис“ (https://www.ekonomijaibiznis.mk/News.aspx?IdNews=24496) наведува дека компанијата има раст од 20 до 30 проценти годишно и оти опслужува компании од светска класа во финансиските услуги.

-Нашиот тим порасна 25 проценти за помалку од една година. Нашата амбиција е да продолжиме да им служиме на нашите клиенти во Велика Британија, САД и Европа од она што сакаме да станеме Источноевропски центар на извонредност во финансиските услуги, да обезбедиме технолошки и консултантски услуги околу дигиталната трансформација водена од податоци и да бидеме препознаени за нашата извонредна експертиза во двете – технологија и области поврзани со бизнисот, вели Блидарус.

Предвидените милион евра, како што најавува, компанијата ќе ги вложи во обезбедување одлични услови за работа, пристап до најнова технологија, обуки и специјализирани курсеви за македонските колеги, кои ќе припаѓаат на голема група технолошки мајстори и ќе решаваат витални проблеми за глобални клиенти. Исто така, посочува, компанијата нуди решенија и на секоја банка, заемодавач, закупувач, осигурител, MGA или брокер ширум светот, но тоа значи дека секоја таква компанија во Северна Македонија ќе може да има корист од нашите решенија.

-Бидејќи нашите клиенти се глобални, не може да го исклучиме фактот дека некои од решенијата што ги имплементиравме во други земји можеби веќе работат во вашата земја. Да, верувам дека можеме и најверојатно ќе се ангажираме и ќе обезбедиме решенија за банките или осигурителните компании во Македонија. На овој начин, нашите колеги во земјава ќе можат да се гордеат што нивната работа влијаела врз нивниот секојдневен живот или животот на нивните семејства, кога комуницираат со својата банка, земаат нов кредит, изнајмуваат автомобил, купуваат ново осигурување или поднесуваат барање“.

Во оваа насока, Блидарус наведува дека се потребни развивачи на софтвер, инженери за софтвер и податоци, архитекти за решенија, научници за податоци, лидери на тимови, проект менаџери и многу повеќе. 

-Најважните технологии на кои се фокусираме во моментов се .NET и технологијата поврзана со податоци и класичната (SQL) и најсовремената (Big Data, NoSQL, data lakes). Најчесто бараме луѓе кои имаат цврста основа во софтверското инженерство и работно искуство поврзано со облак технологиите. Ќе ги поддржиме и обучуваме да стекнат повеќе знаења и да се сертифицираат. Ова е нешто од кое сите имаат корист: нашите нови колеги, нашиот постоечки тим, компанијата и македонската ИТ индустрија, бидејќи знаењето останува кај луѓето, објаснува Блидарус

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.