Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен е позитивен на коронавирус што го потврди и ПЦР тестот што беше направен денеска, соопшти Стејт департментот.
Блинкен, кој е вакциниран и со бустер доза, има благи симптоми. Тој во саботата присуствуваше на т.н. дописничка вечер во Белата куќа на која беше и американскиот претседател, Џо Бајден.
Стејт департментот соопшти дека Блинкен „неколку дена не се видел лично со Бајден, а претседателот не се смета за близок контакт според насоките на Центарот за контрола и превенција на болести“.