Нови санкции за Русија и уште оружје за Украина , ова се главните очекувања на официјален Киев, по денешната средба на министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Во изјавата за новинарите Кулеба рекол дека е разочарувачко тоа што НАТО одбива да создаде зона на забранети летови над Украина и дека тоа ќе доведе до уште цивилни жртви.

Блинкен и Кулеба се сретнаа денеска на границата на Украина со Полска за да разговараат за напорите на Западот да ја поддржи Украина и да ја изолира Русија во надеж дека така ќе се оконча војната која трае веќе 10 дена, јавува Ројтерс.
Американскиот државен секреатр Блинкен денеска повтори дека САД ќе продолжат со санкциите кон Русија и дека го поддржуваат Киев со цел на тој начин да придонесат за крај на руската инвазија на Украина.
„ На Русија ќе биде вршен силен притисок се додека војната во Украина не биде прекината. Целиот свет е со Украина како што сум и јас овде во Украина со својот пријател и колега, изјави Блинкен по средбата со Кулеба , пренесува „Гласот на Америка “.