Вашингтон: Американскиот шеф на дипломатијата Ентони Блинкен најави нова воена помош за Украина.
Испраќаме нов значаен пакет со многу потребна муниција во Украина. Овој пакет ќе им помогне на Украинците да ги заштитат своите сили и нивните резерви и да ги зајакнат нивните способности преку линијата на фронтот, објави Блинкен на „X“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се заблагодари за новиот пакет воена помош.
Новиот пакет воена помош вклучува противвоздушни ракети од типот Стингер, ракети за моќни ракетни фрлачи од типот ХИМАРС, противтенковски ракети и артилериски гранати од калибар 155 мм, најави Зеленски.