НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

#Бојкотирам: Како онлајн армијата се спремаше за напад на референдумот

0
By Сашка Цветковска on September 28, 2018 АНАЛИЗА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ова истражување ги следеше кампањите на социјалните мрежи на оние кои повикуваа на бојкот. Истражувањето покажа дека од 1084 профили повеќе од 200 се новокреирани. Но, oна што е интерсно е дека добар дел од профилите почнуваат да се креираат уште во јануари годинава пред било какви посеризони најави дкеа е можен договор со Грција. Конкретно, во Јануари по спорната изјава на амбасадорот во сад Васко Наумовски се креираат нови 22 профили на твитер кои шират лажни вести и кампања против било каков договор со Грција.

Пишува: Сашка Цветковска

Што ако не успее референдумот? За премиерот Зоран Заев таква опција нема, но дури и тој предупреди дека тоа сценарио ќе го врати оној мрачен и немирен Балкан од 90 – тите години. Но, кои се непријателите на Договорот со Грција? Дали и кој се меша и со каква цел? Таргетот дефинитивно не е само Македонија. Но да почнеме од почеток.

Неколку факти за референдумот

Референдумот е само прв чекор. Истиот е консултитавен. А, за да се смета за успешен треба да излезат околу 904 илјади гласачи. Но овој цензус е тешко достапен без гласовите на симпатизерите и членството на ВМРО-ДПМНЕ. Сепак власта ќе го смета успешен референдумот на кој ќе излезат барем 700,000 гласачи од кои мнозинството ќе бидат “за”. Но, ставоовите на противниците најавуваат немирна есен доколку цензусот не биде исполнет. По референдумот ќе следува гласање во Сообранието , а таму ќе треба дво третинско мнозинство, кое владејачката коалиција засега го нема. Но, дури и да помине договорот таму, следува ратификација во грчкот парламент, а противници на договорот меѓу двете држави седат и во тамошната владејачка коалиција.

Кому не му одговара договорот од Преспа

Во Македонија има две кампањи – онаа која повикува на излезност поддржана од владата, ЕУ и невладiните организации, и онаа која повикува на бојкот. Втората е дефинитивно контроверзна, а анализата на Истражувачката Репортерска Лабораторија на Македонија покажува дека истата е поврзана и со Анти-сорос кампањата која започна по предвремените парламентари избори  во 2016 и која што произведе толку силни тензии што земјата дојде до работ на граѓанска војна. Од една страна, се невладини организации под водство на Јанко Бачев  од Единствена Македонија – сестринска партија на владејачката Единствена Русија на Путин. Тие се поддржани од 70тина невладiни организации од земјава и Австралија, Америка и Канада. Секој ден се во кампања и имаат средби со граѓани низ Македонија. ИРЛ ги провери финансиските документи на секоја од овие организации. Ниту една од нив нема пари на сметката. Но, ако Бачев се легитимира во јавноста, истото не може да се каже и за паралелната онлајн кампањата на социјалните мрежи. #Бојкотирам е славниот хаштаг на Фејсбук и особено Твитер.

Во пресрет на референдумот со своја анализа излезе и Трансатланската комисија за интегритет на изборите која ги анализираш на Твитер профилите во Македонија. Оваа меѓународна организација е составена од политички, ИТ, бизнис и медиумски лидери. А потпретседател е поранешниот шеф на НАТО, Андрес Расмусен.

Според податоците од ова истражување новите твитер профили креирани во последните 60 дена сочинуваат 12 проценти од сите твитер профили во Македонија.

Бојкотирачите на готовс уште пред договорот

Кампањата Бојкотирам на твитер ја следеше и ИРЛ.  Па така, од 1084 профили повеќе од 200 се новокреирани. Но, oна што е интерсно е дека добар дел од профилите почнуваат да се креираат уште во јануари годинава пред било какви посеризони најави дкеа е можен договор со Грција. Конкретно, во Јануари по спорната изјава на амбасадорот во сад Васко Наумовски се креираат нови 22 профили на твитер кои шират лажни вести и кампања против било каков договор со Грција.

Хаштагот бојкотирам почнува формално да се користи на неколку дена по потпишувањето на договорот со Грција во јуни.

Проверено открива дека од 30,000 твитови до 31 јули, само 1084 се споделени од вистински, додека останатите 28 илајјди се споделни од лажни профили или таканаречени ботови. И Дигиталната форензичка лаборотаија од САД во својата анализа откри дека кампаањата бојкотирам ја водат само 9 прифили на твитер, додека осттанатите само ретвитнуваат содржини.

Велемеч

Но бојкотирачите не се само на твитер. ИРЛ ги истражуваше најактивните профили. Два од нив се на Златко Ковач и Жарко Христовски. Зошто овие луѓе се интересни? Вториот, Христовски е член на дијаспората од Норвешка. На негово име е регистиран и веб сајтот Бојкотирам. Овој човек беше еден од водечките лица на социјалните мрежи во кампањта анти – сорос. Вториот, Златко Ковач е најконтрверзната фигура. Роден е 1969 година. Живее в оо околинатаа на Вашингтон. Има завршено право и дипломатија, зборува шест јазици и е уредник во канцеларијата на Спутник, државанта руска агенција во Вашинтон. Интерсно е што Ковач е колумнист и во сајтот колозек – инфо. Тоа е една од веб странците кои  мапиравме како дел од онлајн пропагандата машинерија на противниците на договорот со Грција, меѓу кои и медииумите во сопственост на соработнциите на унгарскиот претадалте Виктор Орбан, еврпскиот приајтел на Русија. Со исклучок на орбановите медиуми, за сајтовите како колозег инфо не се знае кој ги формирал. Регистрирани се надвор од земјата. Колозег е регистиран во САД, а сопственоста е компелтно анонимна. Единственна позната во колозег е контрооверзниот колумнист.

 

Ковач е и лицето кое прво ја прошиири ллажната вест дека НАТО ќе ги труе Македонците со осиромапшен уранимум во Криволак. Почна од него, се проошири на бојкотирам, а веднаш беше преземено од Курир, Република – во сопстве ост на пријателите на Орбан, но и Инфомакс, контрроверзен веб сајт а којшто шири отворена пропаганда и поддршка за Русија. За тоа колку е силна моќта на лажните вести, говори и фактот дека министерката за одбрана Радмила Шеќеринска цела недела се обидуваше да демантира и да ја информира јавноста.Кампањата бојкотирам соо брзина на светлината ги ширеше овие информации.

Во меѓувреме целиот свет се собра во Македонија, од Тереза Меј до Меркел. Но највпечатлива беше посетата на државниот секретар за одбрана на САД Матис. Тој без ракавици кажа дека Русија стои за ширењето на дезинформации. Премиерот Заев тврдеше дека за тоа не постојата докази. Но, активностите на Русија во минатите три години во МАкедонја покажуваат дека индициите се оправдани.

Очи широко вперени

Русија негира вмешаност, но не негира дека е против вклучувањето на НАТО и против договорот. На иста линија е и претседателот Ѓорѓе Иванов кој повика на бојкот. А што имаат заедничко Иванов и Русија? Во доверливите документи до кои миинатата година дојдоа новинарите на проектот за истржавање на организиран криминал и корупција, можевме да прочитаме извештај на македонските тајни служби дека Руското разузнавање пенетрирало во високи кругови во институциите, а меѓу нив и кабинетот на Иванов и АГецијата за разузнавање.

Ако се следат активностие на бојкторачите на социјалните мрежи, може да се заклучи дека поддржувачите имаат заеднички наратив – поддршка за Русија, ширење национализам, омраза за Џорџ Сорос и симпатии кон американските конзервативци. Дотолку, што Жарко Христовски, на пример има регистирано и веб сајт Брајбат. Мк по примерот на истиот амаерикански сајт во сопственост на поранешниот советник на Трамп Стив Бенон.

А на линија на проповедниците на бојкотот се добар дел од приврзаниците на Груесвки сосе претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

Стравувањата се дека бојкотирам нема да заврши со активности со рефернедумот. Во Грција е уште потензично откако власта протера рууски дипломати, а во Македонија дојде нов руски амбасадор  Сергеј Баздникин, назначен од рускиот претседател Владимир Путин. Тој за свои најблиски соработници си носи двајца досегашни новинари на Раша тудеј, а како што дознава ИРЛ во Македонија добија статус на дипломати. Дали Македонија ја чека немирна политичка зима, останува да видиме.

Сторијата е соработка помеѓу Истражувачката репортерска лабораторија и НОВАТВ. 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.