Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Боки 13 за „Рекет“: Живеам за да ја докажам вистината и немам намера да бегам

0
By Соња Петрушевска on October 3, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 3, 2019 11:52

„Го молам Судечкиот совет да ми овозможи лекување во хигиенски услови, затоа што секојдневно ми е потребна медицинска нега“ – рече првоосомничениот во „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13, на јавната седница во Апелација по неговата жалба со која бара укинување на притворот или замена со куќен притвор.

Боки 13 пред судиите рече дека имал две неуспешни опеерации и поради лекарска грешка му бил пресечен нерв во желудникот. Имал проблеми и со белите дробови и четири дијагнози за проблеми со кичмата.

„Мојата состојба е животно загрозувачка. 81 ден колку што сум во притвор немам добиено соодветна лекарска нега, затоа што условите таму каде што сум се такви, а затворскиот лекар не може многу да ми помогне.

Тоа што физички изгледам добро, не ја отсликува мојата здравствена состојба“ рече Боки 13.

Боки 13 исто така се обиде да ги увери судиите дека намера да бега поради поврзаноста со неговите родители но и поради желбата да ја докаже вистината во „Рекет“.

„На 15 јули кога бев уапсен немав намера да бегам, туку имав уплатено седумдневен одмор во Грција и имав купено повратна карта. Сите написи дека сум се обидувал да побегнам не се точни“ рече Боки 13 и додаде дека „Живеам за да ја докажам својата невиност во случајот со сите мои сознанија за овој настан и вистината и да учествувам во фер постапка“

Неговиот адвокат Сашо Дуковски до Апелациските судии достави медицинска белешка потпишана од д-р Зоран Спировски од Торакална хирургија во која се наведува дека на Боки 13 му е неопходна хоспитализација. Дуковски наведе дека Боки 13 секој ден повраќа и доколку не се лекува може да умре.

Дуковски ја коментираше и одлуката на Кривичниот совет за продолжување на притворот на Боки 13, а во која е наведено дека осомничениот останува во притвор нови 30 дена поради „начинот на извршување на делото“ и „степенот на кривична одговодност“, – фрази кои  Дуковски ги нарече„бисери“.

„Бојан Јовановски е лице кое никогаш претходно не е осудувано, и не бил во судир со Законот. Кривичниот совет со вакви флоскули се впушта во утврдување на кривичната одговорност, а треба реално да ги цени фактите. Нема ниту една околност дека би се дал во бегство, истрагата е завршена што значи дека нема можност да влијае врз сведоци ниту да го повтори делото. Ако Кривичниот совет носи пресуди за лице кое не ни обвинето, тогаш зошто да има судење“ рече адвокатот на Боки 13 Сашо Дуковски.

Боки 13 нема работен однос, ниту имот на свое име

Кривичниот совет на 13 август  одлучи да му го продолжи притворот на Боки 13 со нови 30 дена во притвор, поради опасност од бегство на осомничениот.

„Има сомневање дека осомничениот може да побегне поради избегнување на кривична одговорност и природата на стореното кривично дело. Тој нема засновано работен однос, нема семејство, нема имот на свое име и често патувал во странство. Постои опаност да ја попречува постапката со влијание врз сведоци и може да го повтори делото“.

Во текот на постапката преземени се повеќе истражни дејствија, дадени се наредби за вештачење кои се уште не се завршени и испитани се голем број на сведоци, пишува во одлуката.

Судечкиот совет на Апелација во наредните денови ќе соопшти дали ќе ја прифати жалбата на Боки 13 за куќен притвор со одредување на други мерки за обезбедување на осомничениот или тој ќе остане во  Шутка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026

Има повредени – за време на забава се урна цел кат од зграда во главниот француски град

January 18, 2026
ФОКУС
January 24, 2026

Заврши првата рунда преговори меѓу Украина и Русија со посредство на САД во Абу Даби

ВЕСТИ January 24, 2026

Руски, украински и американски претставници се сретнаа вчера во Абу Даби за прв пат во…

Собрание на РСМ: Помина законот „Безбеден град“ – казните стартуваат на 1-ви февруари

January 23, 2026

Давос: Трамп од Гренланд доби тоа што САД и до сега го имаа – Европа конечно ѝ покажа заби на неговата вербална агресија

January 22, 2026

Лупинг во Давос: Трамп се откажа од царините за Европа – се крои план за Гренланд

January 21, 2026
ТИКЕР

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026

Има повредени – за време на забава се урна цел кат од зграда во главниот француски град

January 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.