Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борбите продолжуваат, Киев сè уште е под украинска контрола, порача Зеленски

0
By Ivana on February 26, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Главниот град Киев сè уште е под украинска контрола, изјави  претседателот на Украина, Володимир Зеленски, додавајќи дека успешно ги одбиваат непријателските напади.

– Борбите продолжуваат. Веќе имаме речиси целосна поддршка од земјите на ЕУ за исклучување на Русија од СВИФТ. Се надевам дека Германија и Унгарија ќе имаат храброст да ја поддржат оваа одлука. Имаме храброст да ја браниме нашата татковина, да ја браниме Европа, рече тој во видео пораката објавена на социјалните мрежи.

Одлуката за исфрлање на Русија од глобалниот платен систем SWIFT ќе биде донесена во следните неколку дена, изјави за западни медиуми еден од гувернерите на централна банка во ЕУ.

– SWIFT е само прашање на време, тоа ќе се случи наскоро, во наредните денови, рече еден од 27-те гувернери од земјите-членки на Европската централна банка, кој сакаше да остане анонимен, додавајќи дека таквата одлука е апсолутно неопходна.

Санкциите воведени против Русија нема да сменат ништо, операцијата да се заштити Донбас ќе биде спроведена во целина, изјави денеска заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитри Медведев.

– Овие санкции дефинитивно нема да сменат ништо. Тоа им е јасно дури и на неупатените во Стејт департментот. Ова се однесува на одлуката да се спроведе воената операција за заштита на Донбас, рече Медведев.

Тој нагласи дека операцијата ќе биде целосно спроведена се додека не се исполнат целите што ги определи рускиот претседател.

Медведев исто така рече дека Русија ќе одговори на заплената на парични средства на руските граѓани и компаниите во странство, на начин што ќе бидат запленети парите на странците и странските компании во Русија.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Оставката на Ана Чупеска

ВЕСТИ November 3, 2025

Ана Чупеска, потпретседателката на СДСМ, како што е веќе познато во јавноста, поднесе оставка на…

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

November 1, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.