Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борел со осуда за денешниот напад од страна на Израел врз Газа

0
By Zoran Ivanov on June 8, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика на платформата Икс порача дека крвопролевањето во Појасот Газа мора веднаш да запре.

По денешниот напад на Израел врз централното подрачје на Појасот Газа во кампот Нусејрат, каде што според палестинските власти загинале 210 лица, а околу 400 се здобиле со повреди, претставникот на Европската Унија, Жозеп Борел, порача дека секое убиство на цивили е за осуда и дека крвопролевањето мора итно да запре.

-Извештаите од Газа за уште еден масакр на цивили се ужасни. Планот во три фази на американскиот претседател е патот до траен прекин на огнот и крај на убиствата,  напиша Борел.

Израелската армија соопшти дека во операција во централниот дел на Газа биле ослободени четворица заложници киднапирани од Хамас, а израелската акција ја поздравија американскиот претседател Џозеф Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон.

Бајден го повтори барањето на Вашингтон за постигнување договор за прекин на огнот велејќи дека тоа ќе обезбеди ослободување на сите преостанати заложници заедно со безбедносни гаранции за Израел и помош за невините цивили во Газа.

И францускиот претседател Макрон повика на изнаоѓање начин за смирување на состојбата, но упати и критики за ситуацијата во Рафах, на југот на Газа. Тој рече дека бројот на загинати и повредени по девет месеци војна е неприфатлив.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.