Режисерот на југословенскиот црн бран, Желимир Жилник и Борис Буден- филозоф и публицист, на покана на Контрапункт, во рамки на “Мала школа за анти-фашизам” говореа во клубот ГЕМ филмот за книгата „Вовед во минатото“, чии автори се двајцата, како и за филмот на Жилник кој беше прикажан- „Стара школа на капитализамот“ .
Двоецот Жилник- Буден говореа и и за проектот Скопје 2014, кој беше длабински анализиран- од историска, естетска, социолошка, уметничка и политичка гледна точка.
Борис Буден во интервју за НОВА говори за опсесијата на власта со минатото, за Музејот на револуционерна борба како конструкција на историјата, за тоа каде можеле да се вложат стотиците милиони од Скопје 2014.