Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борисов до Османи: Да се подготвиме за преговори – за разум, а не за емоции

0
By Нова ТВ on March 16, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сите противречности меѓу Бугарија и Република Северна Македонија мора да бидат решени. Следните генерации нема да ни простат што ја испуштивме оваа голема можност, изјавил бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешната средба со македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи на аеродромот во Софија.

Како што пренесува БГНЕС, Борисов бил категоричен дека патот на С Македонија и Албанија кон ЕУ не може да биде одложен, па затоа мора да се решат разликите меѓу Софија и Скопје.

„Значи, и вие и ние треба да се подготвиме за преговори – за разум, а не за емоции, за да можат нашите соседи да бидат во Европската Унија. Ова прашање е геостратегиска цел на Бугарија и ние и вие треба да најдеме политичка волја“, му рекол Борисов на Османи.

Бугарскиот премиер истакнал дека двете земји мора да го следат патот на дипломатијата и на разбирањето.

„Хероите што загинаа за слобода не можат да бидат тема што нѐ разделува, затоа што нивниот најголем сон беше да бидат заедно и затоа ги дадоа своите животи. Значи, тие треба да бидат мост на пријателството, а не на поделба“, рекол Борисов, како што пренесува прес-службата на бугарската влада.

Борисов, како што се наведува, ја потврдил принципиелната поддршка за европска интеграција на С Македонија, со исполнување на соодветните услови. Тој ја истакнал потребата од исполнување на сите обврски од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан во 2017 година.

За време на состанокот на Борисов со Османи, биле разгледани и билатералните односи, европската перспектива на Република Северна Македонија и предизвиците што ги носи пандемијата ковид-19. Борисов, како што се наведува, испратил посебни поздрави до македонските премиер Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски.

За средбата со Борисов информира и Османи, преку својот фејсбук-профил. Според информациите, тие се сретнале на аеродромот во Софија чекајќи ги своите летови. Османи преку Софија летал за Берн, а Борисов на работна посета во Виена за да оствари средби со повеќе лидери на земји членки на ЕУ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.