По предизвикувачкиот спот за песната „The Stars are Out“ во кој си игра со андрогеноста на човечкото тело, Дејвид Боуви се реши сите стихови од новите песни ги објавил во форма на оглас во весникот „Тајмс“.
Бидејќи неговиот нов албум „Следниот ден“ („The Next day“) ќе почне да се продава од утре, ова најверојатно е послениот чекор во необичната рекламна кампања за новиот албум на славниот музичар.
„Станува збор за чиста авангарда. Сосема во стилот на Дејвид Боуви. Станува збор за
реклама во облик на оглас, не не се кажува што се рекламира“, изјавил музичкиот екперт Стив Тарнер кој со години ја следи кариерата на Боуви.