Љубомир Костовски: Денес седницата на Владата за одредување на мерки против зголемување на цените доживеа фијаско. Не е донесен никаков заклучок, а требаше да има мерки, откако сопствениците на маркетите рекле дека ако се намалат или замрзнат маржите ќе отпуштале работна сила! Така Комората ја покажа својата надмоќ над оваа Влада, која се избра да биде со крупниот капитал и да се поклонува кон оние што ја донесоа на власт – вложија во победата на изборите и сега си бараат Мицковски да работи само за нивниот профит. Да го вратат влогот, поедноставно речено. А народот, неговите протести на кои Мицковски „им се придружи“? Зарем не се гледа како расте бројот на маркети во земјата. како некогаш што се отвораа кладилници! Сите работат со добри профити, затоа се отвораат во толкав број, а посебно оние кои работат со секојдневни потреби, прехррамбени продукти пред се. Пак ли треба да речам – гласајте за овие предавници на рајата.