Еден од можеби најпосакуваните мажи во Холивуд, Бредли Купер има нова девојка, а според американските медиуми, таа е една од највлијателните жени во политичкиот свет.
Станува збор за Хума Абедин, најблиската соработничка на Хилари Клинтон и поранешна сопруга на политичарот Ентони Вајнер. Бредли и Хума се запознале, наводно, преку уредничката на списанието „Вог“ – Ана Винтур, нивна заедничка пријателка.
Оваа информација ја потврди извор близок до новата двојка за „Пејџ сикс“.
„Бредли неколку месеци е во врска со Хума, но и двајцата тоа го премолчуваат. Тој раскина со својата колешка Дијана Агрон и веднаш почна да излегува со Хума“, вели неименуваниот извор.
Позната како „Црниот лебед на американската политика“, муслиманката според одделни извори во минатото водеше исламска организација којашто важела за „засолниште за радикални проповедници“.

