Британската кралица Елизабета Втора денеска го слави 96 роденден а покрај бројните честитки и почести таа добила и Барби кукла за платинестиот јубилеј од владеењето.
Барби куклата со ликот на Елизабета Втора, облечена е во фустан со бисерно бела боја со сина лента украсена со минијатурни медаљони и со тијара која е копија на тијарата која британската кралица ја носела за време на венчавката .
Елизабета дошла на тронот на 6 февруари 1952 година, по смртта на својот татко , Кралот Џорџ VI.