Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Британската влада ѝ се извини на кралицата за забавите пред погребот на принцот Филип

0
By Ivana on January 14, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон денеска испрати извинување до Бакингемската палата за двете забави организирани во градината Даунинг стрит.

Забавата беше организирана пред погребот на принцот Филип минатата година. На 16 април се одржаа две проштални забави, едната за директорот за комуникации Џејмс Слек, а другата за владиниот фотограф, со консумирање алкохол до раните утрински часови.

„ Длабоко жалиме што ова се случи за време на национална жалост, а Даунинг стрит ѝ се извини на палатата поради тоа“, изјави портпаролот на Џонсон, пренесуваат британските медиуми.

Тој одби да каже дали Џонсон лично ќе ѝ се извини на кралицата, но истакна дека премиерот го разбира значајниот гнев на јавноста, бидејќи за време на ковид-мерките, беа организирани разни социјални настани.

Очевидци изјавија за „Дејли Телеграф“ дека околу 30 луѓе учествувале на две априлски забави во различни делови на Даунинг стрит, кои потоа се собрале заедно во градината. Како што се додава, таа вечер во Даунинг стрит не бил и премиерот.

Во април минатата година Англија беше во втората фаза од постепеното олеснување на мерките и на шест лица или две семејства им беше дозволено да се соберат на отворено.

Наводите претставуваат дополнителен притисок врз премиерот Џонсон, кој се соочува со повици да поднесе оставка откако неодамна призна дека самиот учествувал на забава на Даунинг стрит во мај 2020 година, првиот период на затворање поради коронавирусот во Лондон, пишува „Гардијан“.

Лидерот на либералдемократите Ед Дејви потсетува дека кралицата седела сама во тагување за загубата на нејзиниот сопруг, во капелата, почитувајќи ги мерките за социјална дистанца.

„ Не затоа што е кралица, туку затоа што е само уште една личност која е сама во жалост, како и многу други. Додека таа тагуваше, Даунинг стрит 10 се забавуваше. Џонсон мора да замине”, напиша тој на Твитер.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.