Велика Британија обезбеди над 4.000 противоклопни ракетни системи за украинските сили како помош во „нивниот отпор против руската агресија“, соопшти британското Министерство за одбрана, јави „Би-Би-Си“.
Во серија твитови, Министерството вели дека уредите што биле испратени биле NLAW (Next Generation Light Anti-tank Weapons/Лесно противтенковско оружје од најновата генерација).
Министерството се осврна и на видео кое го опишува како „руска пропаганда“. Се чини дека се однесува на снимки објавени од двајца истакнати руски измамници кои го прашале секретарот за одбрана на Велика Британија. Бен Валас за наводната програма за нуклеарно оружје за Украина и кои се чини дека сугерираат оти Британија е при крај со залихите на противтенковско оружје.
Во твитовите, Министерството за одбрана вели дека Британија има „доволно вооружени системи за да ја брани и националната безбедност на Велика Британија и да ги исполни обврските кон НАТО“.
„Луѓето треба да бидат многу скептични во врска со известувањето и прифаќањето како реални на кој било дел од овие клипови монтирани од руската држава“, се додава во нишката на Твитер.