Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брнабиќ: Половина од полнолетните Срби се вакцинирани

0
By НОВА ТВ on August 5, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска на својот Твитер налог објави дека 50,1 отсто од полнолетните граѓани или 2.705.458 лица се вакцинирани во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

-Поминавме 50 отсто од вакцинирани полнолетни граѓани -моментално 50,1 отсто (2.705.458 вакцинирани). Сурчин, Чуприја, Прешево, Врчац и Прокупље се приклучија на групата од 58 локални самоуправи со над 50 отсто од вакцинираните. Секое вакцинирано лице – поголема сигурност за сите нас. #ВакцинирајСе., напиша Брнабиќ.

Бројот на нови случаи на инфекција со коронавирус во Србија постепено се зголемува, а експертите предупредуваат дека делта видот полека го потиснува британскиот.

-Податоците предупредуваат дека четвртиот бран е пред нас, истакнуваат лекарите и додаваат дека на удар ќе бидат невакцинираните и дека е потребно да се забрза вакцинацијата, соопшти РТС.

Вчера, во Србија се регистрирани 487 нови случаи на коронавирус, две лица починаа, а најмногу нови случаи беа регистрирани во Белград – 148 заразени.

Директорката на главната ковид болница во Србија, во Батајница, проф. Д -р Татјана Аџиќ Вукичевиќ, изјави за РТС дека податоците се за голема загриженост, бидејќи од релаксирана ситуација во претходните шест недели, кога имаше по 40 пациенти, бројките сега се зголемуваат.

-Имаме се повеќе луѓе кои се вратија од летните одмори, тоа се цели семејства и кои, се разбира, не се вакцинирани. Меѓу нив, на одделенијата за интензивна нега имаме седум млади луѓе на возраст под 40 години, а вчера еден мораше да се интубира, кажа директорката на болница во Батајница.

Таа нагласи дека во овој бран има најголем број заболени пациенти меѓу помладите невакцинирани мажи.

Од почетокот на епидемијата, во Србија се направени 4.708.532 тестови за коронавирус, кој е потврден кај 723.518 луѓе. Како последица на инфекцијата починати се 7.129 граѓани. На болничко лечење има 521 пациенти, од кои седум се на респиратори, соопштено е на владината веб -страница Ковид-19.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025
ФОКУС

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

СВЕТ November 2, 2025

Белград: Тензично е пред српскиот Парламент, каде што Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

November 1, 2025

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025
ТИКЕР

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.