Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бројот на новороденчиња во Струмица се намалува, а расте бројот на разводи

0
By Томе Христов on January 15, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Младите се иселуваат од државата, нацијата старее, наталитетот се намалува. Ваквата појава е доста изразена во помалите населени места низ земјата. Бројките од Државниот завод за статистика се застрашувачки. Падот на наталитетот во некои општини изнесува над 60 проценти, што претставува загрижувачки факт.

Општините Валандово и Радовиш од југоисточниот регион во континуитет се соочуваат со пад на живородени деца. Па така на пример, ако ги земеме бројките од последните три години, во Валандово во 2011 година се родиле 116 деца, за во 2013 да има 106 бебиња. Во Радовиш пак во 2012 година бројката на новородени била 374, за во 2013 година да се намали на 357 новороденчиња.

Зголемен број на новороденчиња може да се забележи на југот од земјата. Во Гевгелија во 2011 година има 183 живородени деца, а во 2013 бројот е зголемен на 212 новороденчиња. За разлика од Гевгелија, општина Струмица се соочува со огромен пад на наталитет. Во градот под Царевите кули според податоците, за половина век бројот на новороденчиња во е намален над 60 отсто. Во 1962 година имало 1.872 родени деца, а во 2013 година само 685 бебиња.

Но, ваквите бројки околу падот на наталитетот и се поголемиот број на бракоразводите не им звучат чудно на граѓаните на Струмица, ако се земе во предвид, како што велат, беспарицата во денешно време. Според нив, ретко некој денеска помислува на проширување на фамилијата.

„Ние сме во брак веќе 5 години, немаме деца. Можеби ќе звучи тажно, но се уште не помислуваме на нов член. Како прво, живееме и опстануваме со една плата, што значи едвај го крпиме месецот. Од што би го издржувале детето, подобро да не се мачи и тоа. Иста е состојбата и со влегување во брачна заедница, денес младите се поретко размислуваат на брак, токму заради немањето финансиска сигурност“, изјавија брачниот пар Николови.

„Имаме едно дете, но денес е многу тешко и со едно, а не со повеќе како што можеме да видиме во кампањата од страна на Владата. Ние сме свесни дека семејството е најбитно, но нека издржуваат тие повеќе деца со плати од 200 евра. Во оваа ситуација гледаме спас само надвор од државата, за жал тоа е вистината“, вели 30-годишниот Горѓи од Струмица.

Повозрасните граѓани кои ги прашавме велат дека не им е чудно што младите денеска така размислуваат. Пензионерот чичко Трајчо, смета дека и во иднина се помалку ќе се раѓаат дечиња.

„Младите бегаат од овде,од целата држава, бараат спас надвор по светот, каде ќе биде платен нивниот труд. Овде немаат шанса да се вработат, а уште помалку да размислуваат за фамилија. Како што стојат работите, овде ќе останеме само пензионери и дури тогаш ќе се прашуваме што не снајде. Жално е што се потешко младите одлучуваат да стапат во брак, а немањето пари знаеме дека носи и проблеми во бракот, па од тука и се поголем е бројот на разводи“, вели чичко Трајчо.

Слична е состојбата и со склучување на бракови и разводи.

Во 2013 во Струмица година биле склучени 420 бракови, наспроти 80 разводи, за разлика од 2012 каде имаме уште помал број на склучени бракови, односно 382, а вкупно 61 развод.
Тенденцијата на пад на бројот на склучени бракови во изминативе години е изразена во повеќето населени места во југоисточниот регион.

Доктор Љубинка Вета, невропсихијатар, за НОВА вели дека порастот на разводите е само уште една од транзициските детски болести која го зафати и македонското општество.

„Лесно е да се заклучи зошто денес има повеќе разводи за разлика од порано. Тоа е заради фактот дека луѓето се економски независни, не се спремни за жртвување и повеќето се себични кои во фокусот ги имаат сопствените интереси. Денешните млади кои стапиле во брак имаат проблеми во брачната заедница заради лоши навики кои им го нарушуваат односот како сопружници или пак избираат погрешна личност која не ги исполнува нивните емотивни или интелектуални потреби. Најчесто на ова листа се личности кои се зависници од алкохол, дрога, а одбиваат секаква помош. Неверството е исто така една од главните причини за развод на бракот, како и насилството. Многу млади брачни парови заради лоша егзистенција, или невработеност, нерешено станбено прашање живеат во заедница со родителите, што исто така е една од причините“, вели Вета.

Стручните лица за НОВА додаваат дека одлуката за развод е голема и бара сериозна реорганизација на системот и личното живеење. Социјалниот работник Билјана Мицева вели дека вo принцип, на секој развод му претходат 2-3 години дисфункционален брак со честа виолентност, со претходни чести раздвојувања и спојувања.

„Најчесто причини за развод се нeдоволна или прекината вербална комуникација, доживување дека сопругот или сопругата го спречува или го гуши во личниот развој, потоа вонбрачните врски, љубомората, зависност алкохол, дрога, насилство. Но постојат и причини кои се поврзуваат со поголем ризик за развод како што се брак во млади години, развод на родители, повторни бракови, предбрачна бременост и брак без деца“, вели Мицева.

Познавачите на оваа тема велат дека жените почесто покренуваат развод, но мажите потешко го прифаќаат крајот на бракот. Тие додаваат дека во 60 проценти при покренат развод еден од партнерите е во дилема и бара одложување на разводот, како и шанса да се обидат повторно.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.