Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бројот на претставки решени во корист на незадоволни осигуреници зголемен за 220%

0
By НОВА ТВ on August 20, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во првите шест месеци годинава врз основа на претставки примени од незадоволни осигуреници, Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) на три осигурителни друштва им изрече четири мерки од кои две се парични глоби. 

Од АСО информираат дека заклучно со 30 јуни годинава добиле 82 претставки од осигуреници кои биле незадоволни од работата на осигурителните компании. Во споредба со истиот период лани, годинава бројот на поднесени претставки е двојно зголемен.

-Од вкупно 82 претставки во првото полугодие годинава 16 се решени во корист на подносителите т.е. осигурениците кои во АСО пријавиле дека се незадоволни од тоа како компанијата ја решила пријавената штета. Тоа е за 220 отсто повеќе решени претставки во корист на осигурениците во споредба со истиот период минатата година, стои во соопштението. 

Во 21 случај причина за претставката била висината на надоместокот што осигурителното друштво го понудило за компензација на настанатата штета. Тие претставки не се процесирани затоа што АСО не одлучува за висината за понудениот надоместок за штета.

Во корист на компаниите се решени 34 од сите поднесени претставки. За седум претставки е утврдено дека се поднесени без основ, две се повлечени од страна на подносителите, а за уште две постапаките се во тек.

Од аспект на видот на осигурување, најмногу претставки – 33 се поднесени за штети настанати кај осигурување од автомобилска одговорност (најзастапената класа на осигурување која е задолжителна со закон). За оштетни побарувања покриени со осигурување од незгода биле поднесени 19 претставки, а девет поднеле незадоволни осигуреници од осигурување имот. Пет претставки се за осигурување живот, две за здравствено осигурување, а по една за осигурување посеви и плодови, патничко осигурување, каско осигурување, осигурување финансиски загуби и осигурување од ошта одговорност. Две претставки се поднесени за останатите видови осигурување.

Како причина за незадоволството на осигурениците во 29 случаи бил основот за исплата на штета, а во 21 случај висината за надоместокот. На рокот во кој компанијата треба да одговори по приговор се жалеле петмина подносители на претставки. По четири претставки има за рокот за обработка на штета и за исплата на надоместок, а две за висината на регрес. Уште десет претставки се поднесени по останати основи за поднесување.

Од АСО посочуваат дека најмногу претставки во првото полугодие годинава се поднесени за работењето на „Уника“ – 13. По девет претставки се поднесени за „Халк Осигурување“, „Граве неживот“ и „Еуролинк Осигурување“. Осум за „Винер“, по пет претставки поднеле осигуреници за работата на „Кроација живот“ и „Евроинс“. По четири претставки се поднесени за „Сава осигурување“, „Триглав Осигурување“ и за работата на „Осигурителна полиса“. По една претставка за: АДОР „Македонија“, „Кроација осигурување – неживот“, „Граве“, Националното биро за осигурување  и осигурителното брокерско друштво „СН Брокер“. Во овој период нема претставки од осигуреници на: „Винер лајф“, „Триглав живот“ и на „Уника живот“.

Од вкупниот број на поднесени претставки 67 се поднесени од граѓани, а 15 поднеле правни лица.

Претставка до АСО се поднесува ако осигуреникот не е задоволен од одговорот на осигурителната компанија за оштетното побарување или ако не добил одговор во рок од 30 дена. АСО не разледува анонимни претставки или случаи за кои се води судска или друга постапка.

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.