Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бројот за итна помош „112“ добива и по 1.400 повици дневно

0
By Mirjana on April 19, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европскиот единствен број за итни повици „112“ веќе функционира и во земјава. Од 11 февруари наместо граѓаните да ги „вртат“ броевите 192, 193, 194 и 195, за полиција, брза помош, противпожарна единица или Центарот за управување со кризи, сега имаат можност со вртење само на овој број, да можат да ја добијат потребната помош од било која од овие институции и служби.

Праксата од првите два месеца функционирање на „112“, покажала дека граѓаните ја препознаваат важноста на овој број и каква услуга можат да ја добијат преку истиот, иако имало и има јавувања поради  незнаење а во некои случаи и намерно, на овој број да се прашува и да се бараат разни други услуги, вели Тони Костов раководител на одделение за управување со повиците кон „112“.

За НоваТВ, Костов открива некои од поспецифичните јавувања во овој период. Па така некој се јавил да бара помош дека му е украдено возилото, зашто не било на местото каде што го паркирал. По направена проверка се утврдило дека возилото всушност му го дигнала пајак – службата поради неправилно паркирање. Некои од јавувањата биле за барања од комуналната сфера, некои затоа што немале доволно кредит за разговор на телефонот.

„Од 11 февруари до денеска на „112“ се регистрирани 92 000 повици, од нив 60 отсто се повици кои биле без конкретно барање а 40 отсто се функционални повици, кои претежно се  барање помош од полицијата и Брза помош. Има и барања до Центарот за управување со кризи како и за интервенција на Бригадата за противпожарна заштита. Само за пожарот кај „Треска“ за 10 минути имавме 70 повици, вели за НоваТВ, Костов.

Почнувајќи од 11 февруари, за тој месец, имале 700 повици во просек дневно, а за март кога системот е достапен за цела држава, просечниот број на повици е 1800 во текот на 24 часа, а за април до сега статистиката вели во просек дневно биле примани по 1450 повици.  

Дел од овие повици биле и злонамерни, вели Костов со цел да се блокира системот а дел од нив биле дури и заканувачки до некои од операторите. Таквите повици и лица се ставаат на „црна листа“ по што се процесуираат од страна на надлежните институции.

На бројот „112“ помош барале и странци, во тимот кој засега брои 38 луѓе очекувано има и членови со познавање на повеќе странски јазици. Луѓето кои се со пречки во говорот а се во ситуација да побараат помош на овој број, тоа можат да го направат со испраќање на СМС порака.

Во тек е екипирањето на уште 7 центри во земјава во сите поголеми градови.

Од службата апелираат: Јавувајте се на бројот „112“ само кога имате реална потреба од полиција, Брза Помош, од Центарот за управување со кризи или од противпожарната бригада. Не ги блокирајте линиите затоа што секунди можат да бидат важни за спасување на човечки животи.

(М.Трпческа)

112 ПО 1400 ПОВИЦИ ВО ПРОСЕК ДНЕВНО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.