Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бругел: ЕУ увезува повеќе гас од Русија отколку од САД

0
By Zoran Ivanov on September 1, 2024 ВЕСТИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Земјите на ЕУ прв пат по речиси две години увезле повеќе природен гас во еден квартал од Русија отколку од САД, покажува новото истражување за енергетскиот пазар што го објави бриселската консултантска компанија Бругел.

Европската унија купила повеќе од 12,7 милијарди кубни метри од Русија и 12,3 милијарди од САД од април до јуни годинава.

Споредено со првиот квартал од 2024 година, испораките од Русија се незначително намалени, за разлика од оние од САД кои забалежале значителен пад, покажува истражувањето.

Норвешка останува најголемиот снабдувач на гас во ЕУ со 23,9 милијарди кубни метри во вториот квартал.

Русија ја држеше првата позиција сè додека не ја нападна Украина во февруари 2022 година, по што многу земји од ЕУ го намалија рускиот увоз.

Според статистиката на германската влада, Берлин веќе не купува гас од Русија. Сепак, во ЕУ, Русија се искачи на второто место на листата на добавувачи, веднаш пред САД.

Во неделното издание на весникот „Велт“, Норберт Ротген, експерт за надворешни работи на германската опозициска партија Христијанско-демократска унија (ЦДУ), повика на забрана за увоз на руски гас ширум ЕУ.

Европејците ја поддржуваат Украина со милијарди и во исто време уплаќаат милијарди во воените ковчези на Путин – тоа не е ниту одговорно, ниту рационално ниту кредибилно, рече Ротген.

Михаел Крузе, портпаролот на Слободна демократска партија (ФДП), членка на владејачката коалиција на канцеларот Олаф Шолц, пак, повика да се плаќа дополнителна давачка за увезениот руски гас за да се зголеми финансиската и воената помош за Украина.

Ова ќе овозможи Путин самиот да плати за отпорот против неговите варварски напади, вели Крузе.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

ВЕСТИ October 7, 2025

По убиството на судијата во Албанија, кого еден обвинет вчера го застрела во срце во…

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

October 7, 2025

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.