Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарија да се извини за депортацијата на македонските Евреи – побараа 50 меѓународни организации

0
By Mirjana on March 11, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Неделава, околу 50 организации за верски слободи и човекови права во светот испратија заедничко писмо до бугарскиот премиер Кирил Петков, од кого бараат да се извини за депортацијата на македонските Евреи, по повод 79 години од нивното насилно и организирано носење во логорот на смртта  Треблинка.

Кликнете тука за писмото.

Тие бараат Петков да биде првиот бугарски премиер кој официјално ќе ја признае и ќе се извини за депортацијата на 98 отсто од македонската еврејска заедница од страна на тогашното Кралство Бугарија.

„Во отворено писмо до вашиот претходник, македонската еврејска заедница, преку Европскиот еврејски конгрес, рече дека актуелната влада во Република Бугарија има морална обврска да ја признае вината на нејзините претходници, и да преземе одговорност, по примерот на многу европски земји кои беа на погрешна страна за време на Втората светска војна. Република Бугарија со укинувањето на пресудите во 1996 година донесени од Народниот суд во 1945 година, намерно ја брише својата мрачна историја и на тој начин ја искривува вистината за Холокаустот“, се вели во писмото, кое организациите го испратија до официјална Софија преку глобалната мрежа за верски слободи (IRF Roundtable) со седиште во Вашингтон, чија членка е и Обединетата македонска дијаспора.

Претседавачот Грег Мичел рече дека „се надеваме оти ќе постапите правилно, и официјално ќе ѝ се извините на македонската еврејска заедница што ќе помогне да се залечат раните од минатото“.

Освен до Петков, писмото е испратено и до државниот секретар на САД Ентони Блинкен, Американската комисија за меѓународна верска слобода, Европската комисија, Европскиот совет, Европскиот парламент и до други официјални институции.

—

50 НВО организации од светот за депортација мак.Евреи во логорот Треблинка побараа извинување од Петков
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.