Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарија очекува промена на Уставот

0
By НОВА ТВ on July 26, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бугарија не е заинтересирана да бара признавање на „бугарско малцинство“ во Северна Македонија, објави на Фејсбук познатиот бугарски политолог Огнен Минчев.

Според него врз база на билатералната бугарско-македонска декларација од 1999 година е утврден принципот земјите да имаат обврска да ги почитуваат индивидуалните права на своите граѓани на самоидентификација и слободно изразување на својот идентитет во доброволни здруженија во сферата на граѓанското општество.

Минчев во објавата додава дека бугарската држава признава рамноправни граѓани, а не малцинства и мнозинства.

– Крајно време е во бугарските институции, најмногу во Министерството за надворешни работи, да започнат да раководат компетентни луѓе и да се запре донесувањето парцијални одлуки. Големата „беља“ што ја направија разни „патриоти“, не може да биде поправена со нови „идиотски решенија“, извадени од контекст и национален интерес, вели Минчев.

Овој став на Минчев следува по барањето на бугарскиот технички министер за надворешни работи Светлан Стоев, Бугарите да бидат впишани во Уставот на Македонија заедно со останатите наброени народи во него.

За разлика од Минчев, на иста линија со ставот на министерот Стоев, е претседателот на партијата „Граѓанско-демократска унија“, Петар Колев, кој претходна недела оствари средба и со бугарскиот претседател Румен Радев.

Колев, денеска во интервју за БНТ, порача дека Бугарите, кои живеат во Република Северна Македонија, би можеле да бидат корисни во дијалогот меѓу Софија и Скопје.

Тој додаде дека со нивните конструктивни предлози може да дадат придонес кон решавање на спорот.

-Еден јасен сигнал би бил ако Република Северна Македонија почне рамноправно да ги третира граѓаните на нејзина територија, која се самоопределуваат како Бугари.

Во Уставот на Република Северна Македонија, додава тој, се набројани народите, кои живеат во земјата, но Бугарите не се присутни во највисокиот правен акт.

-Со оглед на тоа што Бугарите не се дел од него, не може да има судија Бугарин или обвинител Бугарин,  ниту некој кој ќе биде ангажиран во армијата, како професионален војник. Тоа е едно од основните нарушувања на човековите права во насока на правото на работа и кариера, изјави Колев.

Тој се повика на изјавата на премиерот на Северна Македонија Зоран Заев дека човековите права на сите граѓани во земјата се почитуваат.

Според Колев бугарскиот претседател Румен Радев е првиот бугарски државник, кој оценил дека искрено треба да биде слушнато мислењето за односите  Софија-Скопје и од Бугарите, кои живеат во земјава.

Тој додаде дека Бугарите во Северна Македонија очекуваат промена на Уставот во земјата, како и на законите, но и демократски попис на населението, во кој ниту еден граѓанин нема да биде подложен на репресии, ако се самоопредели како Бугарин.

Инаку, во последната официјална посета на Софија, премиерот Заев потврди дека прашањето за вбројувањето на Бугарите во Преамбулата на Уставот ќе биде отворено пред членството во Унијата, кога, како што вели Заев, и онака би морало да се вршат уставни измени, додавајќи дека покрај Бугарите, веројатно во текстот на највисокиот правен акт ќе бидат впишани и Хрватите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.