Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Бугарска меморија“ со кратка меморија

0
By Соња Крамарска on October 30, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фондацијата „Бугарска меморија“ ги избриша фотографиите од директорката на техничкото училиште во Битола, Жанета Сервини и заменикот Љупчо Здравковски, како и дел од текстот каде се споменуваа во објавата на интернет страницата на Фондацијата.

До вчера во истата објава дека македонски студенти „кои се истомисленици“ на клубот „Иван Михајлов“ се во посета на Бугарија, пишуваше дека таму пристигнале и првите луѓе на техничкото училиште „Ѓорги Наумов“, Битола кои го посетиле приватното основно училиште „Цар Симеон Велики“ во село Ивањане. Денес овој дел од информацијата е избришан и Сервини и Здравковски веќе не се спомнуваат во објавата.

Дополнително, Фондација денес излезе со информација дека ги осудува неправедните обвинувања во медиумите кон директорите и дека е чиста случајност тоа што нивната посета на приватно училиште се поклопила со посетата на македонски студенти на покана на Милен Врабевски и бугарската фондација.

„Г-ѓа Сервини и г-ин Здравковски беа во Бугарија на покана на приватно училиште ‘Цар Симеон Велики’ за планирање на заеднички проекти според Еразмус + програмата. Нагласуваме дека двете не се дел бугарското здружение во Битола. Тие никогаш и не беа и никогаш не кажавме никаде дека е тоа така“, напишаа денес од Фондацијата.

Во меѓувреме и директорката Сервини, а и техничкото училиште се огласија со демант дека се дезинформации објавите во некои македонски медиуми за присуство на ученици од техничкото училиште од Битола во Бугарија.

„Ја отфрламе поврзаноста со учениците, спомнати во веста. Во Софија бевме отидени јас и заменикот директор Здравковски Љупчо за да воспоставиме Еразмус + соработка со училишта во Софија, како што впрочем е и практиката на сите други училишта“, наведоа во демантот.

„Бугарска меморија“ техничко училиште од Битола
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.