НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарскиот клуб во Битола ќе беше мост на пријателство ако беше именуван по личности со неспорен демократски капацитет, вели Ѓорчев

0
By Sashko on April 18, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Република Македонија го има достигнато еден од највисоките стандарди во Европа во однос на почитување на малцинските права. Именувањето на бугарскиот клуб со името Ванчо Михајлов, кој е осведочен соработник на фашистичките режими во Хрватска и во Италија, човек чие политичко кредо е политичко насилие и терор, и тоа е забележано не само во Бугарија туку и ширум Европа, значи дека се поткопува и максимата за заедничка историја. За каква заедничка историја зборуваме кога македонската антифашистичка борба и третиот Рајх на Бугарија се две спротивставени страни во историјата. Ова е провокација од Бугарија, изјави поранешниот македонски амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев.

„Бугарскиот клуб можеше да се именува по Андреј Љапчев, ресенчанец, бугарски општественик и еден од најпочитуваните бугарски премиери или по Симеон Радев, од битолскиот округ, дипломат и писател, личности кои, не се спорни со својот демократски капацитет и да се покани и македонскиот државен врв, и тоа ќе беше мост на пријателство. Ова е злоупотреба на името на спорна личност. Михајлов беше осуден и во царска Бугарија со повеќе пресуди, и затоа избега од Бугарија“, наведува Ѓорчев во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител коментирајќи ги настаните кои викендов се случија во Битола.

Според него, не е можно некој наш висок државен претставник да отвори македонски клуб во Бугарија, бидејќи смета дека тоа би предизвикало големи протести од многу политички партии со можност за секакви ескалации.

„Правото на собир од средината на 90-тите е дозволено за нашето македонско малцинство во Мелник за чествување на Јане Сандански. Тој начин на чествување на Сандански или на Кресненското востание, мислам дека досега немало проблем, но во делот на отворањето на македонски културен клуб со провокативни имиња, како што би било името на Ѓорги Димитров, легенда на антифашистичката борба, не би го дозволиле“, посочи Ѓорчев додавајќи дека нашата вистинска македонска вредност е тоа дека ние сме дел од европската антифашистичка борба.
Тој оценува дека македонските власти требало да реагираат многу поубедливо и да им стават до знаење на припадниците на бугарското малцинство во земјава дека мора да ја почитуваат македонската држава. Подобрувањето на правата да ги бараат во директен контакт со македонските институции (Владата, Собранието, Претседателот), како што е правото да бидат впишани во Уставот, а не со мешање на бугарската политика во внатрешните работи на земјава, вели Марјан Ѓорчев. 
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.