Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарскиот премиер Петков и потпретседателката Јотова во сабота во Битола ќе присуствуваат на отворање на клубот „Иван Михајлов“

0
By Mirjana on April 14, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
Кирил Петков
Кирил Петков
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бугарскиот премиер Кирил Петков и државната потпретседателка Илијана Јотова, како и актуелната и претходната министерка за надворешни работи Теодора Генчовска и Екатерина Захариева и Костадин Костадинов од руската партија во Бугарија, викендов ќе престојуваат во Битола и во Охрид.

Посетата и активностите се во сопствена режија, со што немаат карактер на работна или официјална државна посета.

Како што сме информирани од претставници на Здруженијата на македонските Бугари во земјава, повод за посетата е отворање на клуб во Битола од истоименото здружение „Иван Михајлов“ и читална во Охрид.

Како што сега стојат работите, според сеуште непотврдени информации, бугарскиот премиер Петков ќе допатувал со хеликоптер и би присуствувал само на активностите во Битола по што веднаш би се вратил во Софија.

Сите останати ќе оделе во недела во Охрид каде ќе се отворела читална.

Посетата е во функција на промовирање на повеќе проекти за бугарската заедница овде меѓу кои и проектот да се донесе литература, книги и весници на бугарски јазик за опремување на читалната во Охрид.

Во пресрет на оваа активност, денеска бугарскиот претседател Румен Радев ја потсети власта во Софија на ветувањето дека ќе го почитувала националниот договор а со тоа и ставот на партијата на Радев за предусловите што требало да ги исполни Република Северна Македонија за укинување на ветото за почеток на претпристапните преговори со Европската Унија.

(М.Трпческа)

 

Петков и Јотова викендов во Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.