Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Букурешки договор и Стокхолмски синдром

0
By Борјан Јовановски on August 13, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Втората како и првата балканска војна се случи како резултат на заживување на различните балкански национализми потикнати од фрустрацијата живеена во долгиот период на отоманското владеење. Роматичниот пир брутално однесе илјадници животи. Србија и Грција ја поразија Бугарија и ја окончаа војната со Букурешкиот договор. Напревено е ново разграничување на териториите на Македонија или, исто така позната како Источна Румелија. Македонија како држава не беше ниту субјект ниту објект на овој договор склучен во Букурешт пред 100 години.

Македонија едноставно не постоеше како држава. За жал, во периодот на националните будења од османлиската кома Македонците станаа заложници на внатрешните поделби и како такви не успеаја да се вклучаат во Балканската лига. Кој чита историја, зборувам за читање, а не за слушање приказни пред кооперација, знаат. Овој текст нема намери да навлегува во детали од историјата, само сакам јасно да укажам на еден нотерен факт кој кај нас, од не знам која причина, се игнорира, а тоа е дека Македонците немале своја држава ниту пак постоел било каков државен субјект познат под името Македонија чија територија би можела да биде предмет на договорот од Букурешт.

За жал, сведоци сме на патетични патриотски изливи на емоции од страна на поголема група на медиокритети кои гласно манипулираат со емоциите на илјадници наши сограѓани кои се жртви на квази патриотските проповеди од кои не е лишен ниту нашиот образовен систем. Истекла валидноста на Букурешкиот договор и сега да сме барале да ни се врати тоа што ни е одземено…Македонија да престанела да биде жртва на балканските национализми и светските заговори и конспирации….и се така во тој патос се држи високо на агендата комплексот на инфериорноста на Македонецот кој постојано треба да се доживува како жртва на туѓи интереси (Македончето) при тоа одземајќи му го правото да се соочи со самиот себе за да се постави во времето и просторот онака како што тоа го заслужува

Македонија се има себе си ваква каква што ја знаеме, а Македонецот е факт на мапата на светските култури и народи на која има со што да се гордее и тоа никој никаде и со никав политички договор склучен во Букурешт , Њујорк или било каде на светов нема да може да му го одземе.

Она што виси над нас како опасност е повторувањето на епизодите од историјата кои во почетокот на 20 век ни го оневозможија правото и ние да имаме своја држава. Посебна одговорност лежи во сите оние кои го грабаат и присвојуваат ВМРО бидејќи токму во таа организација се јавија идеите за македонското национално движење, но тука беше и генератоторт на поделбите кој на крајот заврши како што заврши- не остави без држава.

И еве не сега пак исправени пред нови предизвици , 100 години подоцна. Македонија е независна држава спонзорирана од се уште најголемата светска сила САД под чие влијание ни се отворија и вратите на ЕУ. Европските интеграциски процеси и европските институции во оваа драматично динамично време на глобализацијата се единствениот излез за малите култури и нации каква што е нашата. Специфичноста на македонскиот национален индетитет ги има сите шанси да ги искористи можностите на европските структури и со тоа неповратно да ја обезбеди својата посебеност. Токму во овие поволни меѓународни констелации за кои, за жал, нашите предци пред 100 години не можеа ни да сонуваат, сведоци сме на растечки внатрешни подлеби кои многу често, ако не и секогаш се стимулирани од институциите на државата.

Во психијатријата познат е симптомот на Стокхолмскиот синдром. Она кога жртвата ќе се вљуби во оној кој ја злоставува. Како стојат работите 100 годишнината од Букурешт ние ја користиме од гроб да го извадиме вампирот кој ни ја исцица крвта пред еден век. Тој вампир се внатрешните поделби на подобни и неподобни, патриоти и предавници , словенски и антички. Зато добро е да се погледне Букурешкиот договор, да се навратиме на тоа што било , да ја извлечеме лекцијата и да му зариеме на вампирот кол во срцето и конечно да се видиме себе си во иднината.

Македоците треба да се ослободат од автодеструктивниот комлекс за и денеска, по 100 години, да не бидат повторно жртви на самите себе си неуспевајќи да ги препознаат и позиционираат сопствените интереси во меѓународните констелации. Во спротивно, по 100 години ќе нема ни кој патетично да лее солзи над тажната судбина на Македончето како наводна жртва на светските заговори.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025
ФОКУС

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

ВЕСТИ September 25, 2025

Од утре стапуваат на сила нови измени во Законот за безбедност во сообраќајот кои предвидуваат…

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.