Browsing: ВЕСТИ

Знаете веќе како се вели: Ако оди како Никола Груевски, ако изгледа како Никола Груевски и говори како Никола Груевски, тоа мора да е Емил Груевски. Или Никола Димитриев. Но, секако не е Емил Димитриев

Откако исламски терористи почнаа да шират страв низ светот се постави прашањето дали можат и да ги загрозат цивилизациските вредности. Според експертите, уставните општества имаат вродена моќ што ја прават оваа задача на екстремистите залудна. Дали Македонија е имуна на ваквите влијанија?

Труењето на поранешниот офицер на КГБ, Александар Литвиненко, најверојатно е одобрено од претседателот на Русија, Владимир Путин, се вели во извештајот на независната британска истрага предводена од пензионираниот судија Роберт Овен

Граѓаните очекуваат подготвеност и решителност од политичарите и политичките партии за да носат храбри одлуки во интерес на земјата и затоа ова беше единствената правна одлука во овие пресудни денови, вели Ахмети, во врска со синоќешниот состоанок на ЦО на СДСМ

Министерството за правда на Романија планира да го укине Законот со итен указ, бидејќи од 2013 година кога е донесен, досега, во затворите се напишани 411 вакви трудови. Од ваквата „затворска литература“ се офајдиле и многу универзитетски професори кои издаваат сертификати за научната вредност на затворските дела

Семејството Петрески осум години талкаат низ лавиринтите на здравствениот систем и се уште не знаат од што точно боледува нивниот син, 32 годишниот Игор, кој веќе две години е сместен во психијатриската болница во Демир Хисар

Сликата која ќе ве пречека при влезот е ужасна: Руинирани sидови, прозорци, врати, дупки во подовите, искинати душеци на кои пациентите изведуваат вежби.Во видеото погледнете како во 21 век изгледа еден важен сегмент од македонското здравство

Најголемата грешка ќе биде ако Никола Груевски даде оставка. Се работе за човек кој граде, кој праве. Сите дворови се уредени. Патишта, железници, аеродром, се, се, се е напраено во времето на Груевски. Верувајте, нашето село е погодено, има многу луѓе што плачат…

Пoранешниот министер за надворешни работи Александар Димитров и пи- ар експертот Петар Арсовски дебатираат за можните излезни решенија на Груевски по условената оставка; дали еврокомесарот во дипломатската актовка носи разврска за кризата; дали е можно Груевски да даде оставка, а изборите да се одложат?

Рускиот претседател Владимир Путин во интервју за Билт демантираше дека сакал да ја исплаши германската канцеларка Ангела Меркел, кога во Сочи пред 9 години за време на разговорите во собата го донел и неговиот лабрадор Кони

Гледајте ја последната пилот-епизода од сатиричното шоу на Контравести, во продукција на НОВА: Да се љуби или да се добие виза, прашање кое го наметна Каракамишева; чиј е домејнот Збогумникола.com; како Заев ги доби бомбите; што говорел Ахмети во Грција?