Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како велите дека ви беше името?

0
By Биљана Секуловска on January 23, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 23, 2016 10:55

Знаете веќе како се вели: Ако оди како Никола Груевски, ако изгледа како Никола Груевски и говори како Никола Груевски, тоа мора да е Емил Груевски. Или Никола Димитриев. Но, секако не е Емил Димитриев.

Да ги скратиме маките, веројатно најнепријатната вистина ќе мора да ја слушне и самиот господин Димитриев- онаа дека тој е измислен и роден е со величенствена мисија- за да му послужи на Груевски, за да му го продолжи животот, а во исто време самиот да се прогласи за жив мртовец.

Не велам се разбира, дека Димитриев не заслужува да го замени својот претходник, конечно, која сум јас да го кажам тоа, кога не го ни познавам?

Но, тој самиот го дава одговорот со простиот факт што доброволно потпишал ролја на статист, во време кога се е историја, дури и најмалата буква на еден транспарент ја пишува историјата, токму тогаш, кога се кренал и објавил бунт против власта.

Каква штета за овој млад човек, роден 1979, можеше да ја прослави како година на ново будење на слободата, како 10 години подоцна, кога беше урнат Берлинскиот ѕид и целиот свет, цигла по цигла ги закопуваше старите лелеци.

Но, Димитриев своеволно се согласува да биде главен лик во нем филм, каде титлот е однапред напишан, или во други, уште пожални случаи надсинхронизиран, кога го слушате гласот негов (не се сеќавам дека слушнав дури ни земање на воздух, но сепак, времето за оваа грамада од алт допрва доаѓа), но тоа е таков мајушен, слаб глас, што повеќе изгледа на измачување, отколку артикулиран тон.

Ех, тој сега дозволил да биде крпена играчка на која трбухозборецот и го диригира дури и секој слог од еден, дури и најбанален збор, да стане кукла на надувување која со далечински управувач се подесува, за на крај кога ќе и дојде времето, сама од себе да пукне, за да му отстапи на господарот место кое му припаѓа, како да станува збор за канонски ред, како да е во прашање поредокот во Универзумот и опстанокот на човечкиот род.

Никого не го интересира неговата биографија, квалификации и вештини, а можеби се од ова поседува, тоа допрва ќе се докажува, затоа што стануваат автоматски само едно име и презиме- но, тоа не е неговото.

Знаете и сами, како што и тој многу добро знае- во ниту еден случај Димитриев не цупкал нетрпеливо како еден Антонио Милошоски на пример, кој со години сонува да го заземе местото на Груевски.

Ниту пак како Ставревски нема да посакува да му тресне од глава телефон на својот лидер, затоа што, да не се лажеме, низ целиот овој период Ставревски се гледаше на тоа место, на истото место каде седеше главата на лудаците (само го цитирам почитуваниот министер за финансии) и се прашуваше- со што тој заслужил, што има тој а немам јас? Немаше одговор, а телефонот можеше само на сопствената глава да го забие, колку за миг да ја заборави сопствената улога- активна, туку како, ве молам немојте да го амнестирате, најактивно и најревносно ги извршуваше сите задачи, ингениозни идеи и планови, како никој подобро и поударнички.

Што следува понатаму- тоа самиот Емил Димитриев најдобро знае. Дали ќе се согласи да биде најслучајниот избор во рафтовите низ библиотеките, кого идните генерации ќе го прескокнуваат од историските читанки или ќе го подвлекуваат со црвен фломастер, ќе го заработи ли презирот или восхитот?

Се е до него, тој го има последниот збор. Нека го допише овој текст онака како што смета дека би го сторил кој било, еден обичен човек. Но, пред се човек.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.